Кривичен четири месеци не може да го оцени обвинението за организаторите на „крвавиот четврток“

Од:

Судењето за организаторите на „крвавиот четврток“ никако да започне. Кривичниот суд веќе 4 месеци не може да го оцени обвинението поднесено од страна на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Причина за ова е изземањето на судијката Добрила Кацарска од случајот по нејзино барање, по што предметот за оценка му е доделен на судијата Горан Бошевски. Минатата недела беше закажана седница за оценка на обвинението, но истата е одложена од причина што е побарано изземање и на судијата Бошевски. Извори од Кривичниот суд за А1он велат дека нова седница за оценка на обвинението е закажана за почетокот на наредниот месец.

Судија кој оценува обвинение за конкретен предмет не може истиот да го суди, а тоа нема да може да го прави ниту судијката Кацарска, бидејќи веќе има оформено мислење за кривично правниот настан што го потврди со барањето за изземање што и беше одобрено.

Јавното обвинителство во мај годинава покрена обвинение за поранешените министри Спиро Ристовски, Миле Јанакиески, екс претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски, како организатори на насилниот упад во Собранието на 27 ми април 2017 година.

Осомничени во случајот се и бегалците Никола Груевски и заменик началникот на петтата управа Никола Бошковски, но за нив ќе има постапка откако ќе бидат екстрадирани во државата.

Ристовски, Јанакиески, Вељаноски, и Атанасовски обвинителството ги терети за кривичното дел терористичко загрозување на уставниот поредок. Според, обвинителството четворицата функционери по изборите во 2017-та направиле план за да го спречат формирањето на нова влада. Ексминистрите Јанакиевски и Ристовски анагажирале партиски членови и командувале од седмиот кат на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.

Во најголем дел, обвинението се заснова на исказот од првичната постапка за „крвавиот четврток“ на сега осудениот Александар Василевски Нинџа кој во судницата ги посочи токму овие функционери дека се организатори на настанати и дека на 27 април 2017 година лично како командуваат од партиската зграда.

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески