Крива Паланка блесна во новогодишен сјај

Од:

Центарот на Општина Крива Паланка, градскиот плоштад и парк, како и главната улица блеснаа во новогодишен сјај. Локалната самоуправа на општината го украси градот на две недели пред истекот на годината.

-Како што се наближува крајот на годината, сите сме со желби за добри и убави работи, во контекст на развеселување на граѓаните и создавање пријатна атмосфера во градот, поставени се новогодишни украси и светлечки декоративни елементи долж главната улица „Св.Јоаким Осоговски“ и на централниот градски плоштад и парк. На мое големо задоволство, сите граѓани реагираат позитивно, а најмногу се радуваат најмладите жители, што и нас не радува, изјави градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Тој посочи дека за новогодишно украсување се вложени околу 400.000 денари. За најмладите, рече, општината подготвува и новогодишна културно- уметничка програма.

Би можело да ве интересира

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот

Седумдесет и шестгодишен жител на Крива Паланка убиен во неговиот дом

А1он

Голем пожар на градската депонија во Крива Паланка