Кревање на јавната свест кај населението за селекција на отпадот

Од:

Да се подигне јавната свест за селекција на отпадот кај населението и поголема ангажираност од страна на општините и комуналните претпријатија со цел да се создаде интегриран систем за управување со отпад, бара Асоцијацијата за управување со посебни текови на отпад при Стопанската комора на Македонија, во која засега членуваат десеттина копмании.

Од Асоцијацијата, денеска, на прес-конференција во Стопанската комора на Македнија истакнаа дека е потребна поголема вклученост на сите правни субјекти во овој процес со цел да се остварат националните цели до 2020 година.

– Општините се важна алка во процесот на рециклирање. Веруваме дека по локалните избори со новите локални самоуправи ќе имаме соработка во делот на нивното учество во оваа наша активност, бидејќи без општиние и јавните комунални претпријатија не можеме да имаме ефикасен систем за собирање и рециклирање на отпадот. Она на што ние инсистираме е секоја од општините во следните четири години да има буџет за набавка на садови за селекција и секоја општина да предвиди кампања која ќе ја прави во соработка со нас за подигнување на јавната свест, посочи Филип Ивановски, претседател на Асоцијацијата.

Од Асоцијацијата сметаат дека е потребно да се прават кампањи со кои ќе се подигне свеста кај населението, бидејќи селекцијата и рециклирањето на отпадот почнува од домовите.

Една од целите на Асоцијацијата на оваа новоформирана асоцијација е во следните три години да инвестираат повеќе средства во садови за селекција на отпад, бидејќи резултатите од едно нивно истражување покажале дека граѓаните сакаат да го селектираат отпадот доколку имаат можност и доволни контијнери за таа намена.

Од Асоцијацијата велат дека е потребно да постојат и еко- патроли што ќе прават увид во состојбата на садовите за селекција на отпадот.

За што поефикасна селекција и рецикирање на отпадот од Асоцијацијата сметаат дека е потребно и компаниите кои генерираат отпад да учествуваат во финансирањето на системите за собирање и рециклирање на отпадот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Со бизнисот ќе се заокружи инвестициска активност од 700 милиони евра, да креираме систем кој ќе донесе подобра иднина и повеќе работни места

Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот тврди Стопанската комора

Катерина Ѓуровски

„Бехтел и Енка“ бара од Стопанска Комора да им обезбеди 4.000 работници за работа на автопатите

A1on

Владеењето на правото и борбата против сивата економија и корупцијата, клучни проблеми за бизнисот

Ковачевски: СДСМ заедно со бизнис секторот ќе ја исполни целта за европска и развиена економија

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто