Хафингтон пост: ВМРО-ДПМНЕ не може повеќе да ја префрла вината на други за состојбите во државата

Од:

Со наслов „Креативна деструкција во Македонија“, „Huffingtonpost“ пишува за кризата која ја зафати Македонија, наведувајќи дека “бомбите“ секогаш асоцираат на уништување.

Концептот на „креативна деструкција“, кој беше создаден од економистот Џозеф Шумпетер во 1942 година, се чини дека во голема мера е применлив за политичката ситуација која се развива во Македонија во текот на изминатата година или две, пишува медиумот, објаснувајќи дека овој концепт во економијата значи замена на старите производствени единици со сосема нови.

Ни малку ненамерно, владејачките елити во Македонија се ангажирани во трајни домашни политизирања кои до сега резултираа во ситуација на социјална и политичка деструкција која доаѓа со потенцијал за креативен социјален и политички инженеринг и најверојатно, појавата на нешто ново.

Македонија се наоѓа во постојани политички промени, комплексност и несигурност со големина која досега не е видена во нејзината понова историја. Се разбира, таквата политичка и социјална средина создаде длабоко чувство на вознемиреност меѓу обичните луѓе во Македонија. Се чини дека никој не знае што следува натаму и како ќе се реши политичкиот ќор-сокак и целата збрка.

Следејќи го големиот успех на опозициската СДСМ, под раководство на Зоран Заев, сериозно го исфрли надвор од рамнотежа владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, која во текот на годините стекна голема моќ со која опстојува и ја контролира власта, пишува медиумот и наведува дека Македонија се соочува со голема неизвесност и уште поголема дилема.

Ретроспективно, за многумина оваа дилема е по теркот на „Можно е да биде дека нашите владејачките елити навистина се ангажирани со цел да направат коруптивни и нелегитимни работи?“ Перспективно, дилемата на луѓето е од принципот „Можна ли е промената и може ли биде добро за нас и Македонија?“

Што се однесува на првиот дел од дилемата, во повеќето основни нивоа, тоа е прашање на едноставна веројатност. Како што Лорд Актон наведува уште во 19 век, моќта корумпира. Непобитен е фактот дека кога и да се креираат политичките средини кога владејачката партија (или партии) има речиси универзална и апсолутна моќ во рамките на повеќето ако не и сите домени на општеството (политиката, економијата, медиумите, академските институции, социјалните прашања, итн), искушението на злоупотреба, или дури злоупотреби, таквата моќ е огромна.

Во светлината на човечката несовршеност и во својство на нашата фасцинација со сила и суета, многу малку се оние кои ќе издржат толку длабоко искушение. Во ситуација на одржување на речиси апсолутна моќ (формална и неформална) во Македонија, за речиси една деценија, владејачките партии биле предмет на искушението на злоупотреба или злоупотреба на моќ. И „бомбите“ посочија за многу такви случаеви, за сите да можат да видат и слушнат.

Во врска со потенцијалниот втор дел од дилемата, тоа е покомплицирана и суптилна материја, но еднакво јасна кога ќе дојде време за граѓаните на Република Македонија да се изјаснат во врска со пожелниот „кастинг“ за своите гласови на избори.

Пред да потенцираме голем број на фактори во однос на овој дел од дилемата на луѓето, за појдовна точка мора да се нагласи фактот дека она што следи во никој случај не укажува на тоа дека треба да се негира сето она што е добро направено под раководство на сегашните владејачките партии.

Сепак, има аргументи дека постојат доволно имногу причини и последици кои гарантираат, па дури и диктираат промена на политичкото раководство која треба да се случи на следните избори. Иако овие причини се побројни, јас би сакал да се осврнам на само четири, поради кои оние кои владеат во текот на изминатата деценија треба да бидат целосно одговорни:

– Поларизација на општеството;
– Исселување на младите и уништување на човековиот капитал во Македонија;
– Најниската благосостојба во цела Европа;
– Лошите надворешни политики и дипломатија, пишува „Huffingtonpost“.

Кај здрави и зрели демократии, политичката моќ е дисперзирана на таков начин што тоа резултира во природна поделба на инструментите и средствата на власта. Тоа не е случај со Македонија, каде особено во изминатата деценија има огромна и крајно хиерархиска концентрација на политичка моќ. Периодот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините партнери резултираше со можеби најголемата поларизација, труење и кинење на структурата на целото општество.

Се чини дека замислиле и намерно се движеле кон создавање една апсолутистичка доминација и хомогенизација на политичкиот систем и општеството како целина, а не кон постојано поголема хармонизација и созревање на политичка култура, што ќе резултира во подобрена стабилност и социо-политичко-економско унапредување на македонската држава и општество, пишува медиумот.

Оваа состојба не е ограничена само на политичкото опкружување. Таа неизбежно се пренесува во секојдневните работи, што во голема мерка зборува за состојба меѓу апатија и очај. Најалармантно е што Македонија се соочува со огромен егзодус и иселување на својата младина. Другиот ден од посетата шетав низ населбите во местото каде што пораснав, и ми беше кажано од страна на локалното население дека речиси секоја втора куќа е празна, луѓето ја напуштиле својата татковина за да живеат на друго место, пишува авторот.

Во текот на изминатите неколку недели, сите медиуми блиски на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, известуваа за различни отворања на новоизградени или реновирани спортски сали и рекреативни комплекси во различни градови и села низ Македонија.

Се разбира, почесен гостин на сечење на лентата секогаш е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски.

Сепак, тажната заднина на оваа слика е фактот дека десетици, ако не и стотици илјади млади луѓе ја напуштиле Македонија во текот на изминатата деценија и се расфрлани низ Европската унија и пошироко во потрага по работа и по пристоен живот. Прашањето што се поставува е: “Колку млади останале да уживаат во овие нови или реновирани спортски и рекреативни објекти?”

Владејачките елити не можат веќе да го имаат луксузот да ја префрлаат вината за состојбата во Македонија на други, па и дека се должи на владеењето на претходните влади на СДСМ. Напротив, моменталната состојба мора да се прифати дека резултат од владеењето на владејачките партии кои ја имаат целосната моќ во текот на изминатата деценија.

Тие се одговорни. Тие треба да биде повикани на одговорност вели авторот, и потсетува дека повеќе нема млади луѓе кои би оделе во спортските сали, како и тоа дека и покрај отворањето на економските зони, останува високиот процент на невработеност и огромниот број на луѓе кои се целосно сиромашни, пишува медиумот.

Би можело да ве интересира

Невремето без струја го остави целиот дебарски регион

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски