Креативни работилници во два групни домови за деца без родители

Од:

Искрени детски насмевки и креативна енергија ги исполнија двата групни домови за деца без родители во кои вчера се одржаа ликовни работилници. Дечињата имаа можност да создадат свои уметнички дела под менторство на ликовни уметници. Настанот беше организиран од компанијата „Лион“ која започна проект за развој на креативноста во чии рамки ќе се одржат повеќе работилници за најмладите членови на општеството. На вчерашната работилница, која беше реализирана во соработка со Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје, учествуваа десет деца кои од неодамна се сместени во групни домови.

„Ние сме навистина среќни и благодарни што преку една ваква активност дечињата од домот имаа можност да научат нешто ново за ликовната уметност, но и да го изразат својот талент и креативен потенцијал на оригинален начин. Се надеваме дека со проектот ќе бидат опфатени сите деца од домот „11 Октомври“ и на тој начин да им овозможиме разновидни, но пред сè едукативни и интересни активности“, изјави Соња Стамевска, в.д. директор на Домот за деца без родители „11 Октомври“.

Целта на кампањата на компанијата „Лион“ е децата од ранливите категории да добијат пристап до различни вонучилишни активности преку кои ќе се поттикне нивниот емоционален развој и креативен потенцијал и ќе ја помогне нивната инклузија во општеството. Во таа насока, во наредните неколку месеци ќе се одржат повеќе ликовни и музички работилници и работилници за готвење.

Децата кои учествуваа на вчерашната работилница добија пакетчиња со подароци од брендот Леона, а компанијата дополнително донираше и пакети со производи за Домот за деца без родители „11 Октомври“.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска