Кражба на сообраќајни знаци во штипското централно подрачје

Од:

Во штипското централното градско подрачје забележана е позачестена кражба на сообраќајни знаци.

Директорот на ЈП „Стипион 2011“, Тони Јовев вели дека веќе 10 дена континуирано се крадат сообраќајни знаци на четири улици, а нивната вредност е 20.000 денари. Тој забележува дека кражбата на сообраќајните знаци низ Штип оди на штета на буџетот на општината, а годишно штетата изнесува околу.10 000 евра.

– Мислам дека ова веќе треба да престане, бидејќи ваквите кражби нас не чини да реконструираме една улица помалку во текот на годината, вели Јовев.

Тој рече дека со кражбата на сообраќајните знаци се загрозува и безбедноста на учесниците во сообраќајот. Наредната недела раководството на ЈП „Стипион 2011“ ќе има средба со претставниците од Полициска станица-Штип со цел да се надминат зачестените кражби на сообраќајни знаци.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му