Краток прекин во гласањето во Липково, не се согласувале сериските броеви на гласачките ливчиња

Од:

На избирачкото место во селото Лојане, во општина Липково имало краток прекин на гласањето поради неусогласени сериски броеви на гласачките ливчиња, потврди Адмир Шабани, портпарол на Државната изборна комисија.

Прекинот траел кратко време додека биле пребројани гласачките ливчиња кога било утврдено дека вкупниот број се согласува.

„Добивме информација за краток прекин на гласањето во Лојане, но причината била несогласување на сериските броеви на гласачките ливчиња. Прекинот траел додека изборачкиот одбор не ги пребројал ливчињата. Утврдиле дека има толку ливчиња колку што има запишани граѓани во Избирачкиот список. За целата ситуација има посебен записник. Гласањето продолжило и тече без прекини“, објасни портпаролот Шабани.

До ДИК до 15 часот официјално нема стигнато приговор за изборниот процес.

Би можело да ве интересира

Претрес во Слупчане, пронајдени повеќе парчиња оружје и муниција

Липково ќе биде прва општина во земјава целосно покриена со смарт броила од ЕВН, загубите ќе бидат 10 проценти

Орце Костов

Жителите на Слупчане ги уништија трафостаниците на ЕВН, неколку села без струја во липковско

Орце Костов

Пукање во Липково: Еден повреден во роднинска караница за имот

Катерина Ѓуровски

Во Липково откриени 52 илегални мигранти од африкански и азиски земји

А1он

Приведено момче кое сакало илегално да влезе од Косово во Македонија

А1он