Крадец од Свети Николе за само половина час ограбил жена, провалил во амфитеатарот на Земјоделски факултет и бил фатен

Од:

Скопската полиција уапси крадец од Свети Николе кој оперирал во Скопје, а во рок од само триесетина минути успеал да ограби жена на улицата што води кон ПМФ, да провали во амфитеатарот на факултетот за Земјоделски науки и храна и – да биде фатен.

Единица за внатрешни работи Гази Баба поднесе кривична пријава против А.И.(24) од Свети Николе, поради основано сомнение дека извршил две кривични дела, и тоа „тешка кражба на дрзок начин“, предвидено и казниво согласно чл.236 ст.3 и „тешка кражба во обид“, предвидено и казниво согласно чл.236 вв чл.19 од Кривичниот законик, при што се стекнал со противправна имотна корист и предизвикал материјална штета.

А.И. кривичните дела ги извршил на 11.02.2021 во временскиот период од 21.25 до 21.40 часот на ул.„Трифун Хаџи Јанев“, така што одзел чанта со пари и лични предмети од оштетено женско лице, а на ул.„Архимедова“ , со употреба на физичка сила влегол во амфитетарот на Факултетот за земјоделски науки и храна, каде извршил пребарување, но не одзел предмети. Од страна на полициски службеници од Полициска станица Гази Баба на 11.02.2021 во 22.00 часот А.И. е лишен од слобода и задржан во просториите на полициската станица каде го појаснил извршувањето на кривичните дела, а предметите пронајдени кај него се вратени на оштетената, велат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари