Крадец од скопско Коњаре фатен во тетовско Ратае

Од:

Полицајци од СВР Тетово попладнево во селото Ратае нашле и привеле жител на скопско Коњаре, кој се барал за издржување на затворска казна.

Осуденикот бил најден околу 17 часот, соопшти полицијата.

„Полициски службеници на Секторот за меѓународна полициска соработка – Оддел за потраги на МВР, во содејство со СВР Тетово, го привеле 41-годишниот С.М. од скопско Коњаре, осуден на седум и полгодишна затворска казна за сторени кривични дела „тешка кражба”, согласно член 236 од Кривичниот законик,“ информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По приведувањето, реализирано со судска наредба, 41-годишникот е спроведен во КПУ „Идризово” во Скопје за издржување на казната, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари