Козар од демиркаписко со срп изнудувал долг во домот на должникот

Од:

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од село Прждево, општина Демир Капија, кое е осомничено за кривично дело – изнуда. Козарот рано наутро влегол во домот на должникот, каде чекал да се разбудат наводниот должник и неговата сопруга, на кои потоа, заканувајќи им со полуметарско сечиво, им изнудил околу 1.250 евра, соопшти Обвинителството.

„На 10 јуни, во раните утрински часови, осомничениот влегол во семејна куќа во Богданци, носејќи со себе опасно орудие – сор со сечиво од 50 см, кој се употребува за рачно сечење гранки. Во дневната соба спиеле сопственикот на куќата и неговата сопруга. Штом се разбудиле осомничениот им се заканил со оружјето, барајќи од оштетениот 75.000 денари за кои сметал дека му ги должи како надомест за одгледување на козите во сопственост на оштетениот. Со сериозна закана со употреба на опасно орудие, осомничениот имал намера да прибави за себе противправна имотна корист, а се обидел да го присили оштетениот да му ги даде парите“, велат од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​​

Би можело да ве интересира

Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали

Гевгелиски банкар од двајца клиенти украде пет милиони денари и над 63.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се двајца мажи од Крушевац под сомнение за изнуда

Нови докази од истрагата за „ботоксот“: Обвинителството покрена истрага против две лица

Обвинителство: Обвинителката Џабирова Велков во случајот „Тотал“ морала да изврши преквалификација на обвинението

ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари