Ковид-19 вакцинација: Интерес има, вакцини нема

Од:

Над 37 000 граѓани досега се пријавиле преку онлајн апликацијата за вакцинирање против Ковид-19. Пријавувањето заинтересираност за вакцинација може да се направи и преку матичните лекари преку системот „Мој термин“.

Пријавувањето оди паралелно со исчекувањето на првата тура вакцини во земјава. Најавената достава на вакацините на Фајзер од Србија беше откажана на неодредено време. Домашните власти најавуваат дека испораката ќе биде во претстојниот период кога ќе се разрешат сите нејаснотии со компанијата Фајзер.

„Се работи за подготовка на техничката документација од „Фајзер” кон Србија за реекспорт или за реплаќање или донација од Србија. Целта е прво да стигнат 4.000 вакцини, а потоа и другите 4.000“ – изјави вечра премиерот Зоран Заев.

На почетокот на оваа недела беше потпишан и догoворот за набавка на 200 илјади дози од кинеската вакцина на Синфарм. Тие во земјава се очекува да тргнат по претстојниот празничен период во Кина.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 96.518, бројката на оздравени пациенти е 87.324, на починати е 2.971, а бројот на активни случаи изнесува 6.223. Најмногу активни случаи има во Скопје – 2876, Кавадарци – 398, Охрид – 369, Прилеп – 267, Куманово – 236, Велес – 228, Тетово – 213, Делчево – 207. Во другите градови има помалку од 200. Вкупниот број на хоспитализирани во земјава е 591 пациент.

Би можело да ве интересира

Бакиќ: Се подготвував да бидам министер за полиција, но тоа е само моја желба

(ВИДЕО) Детали за несреќата во Хрватска: покрај двете жртви има и шестмина тешко повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се преврте српски автобус во Хрватска, двајца загинати

Катерина Ѓуровски

Го уби љубовникот на сопругата, го осудија на 20 години затвор – сега доби намалување на казната

А1он

Српски „ловци“ следеа авион на „Виз ер“ поради закана со бомба

А1он

Уапсен е Предраг Вулетиќ, соработник на Вулин: Осомничен е дека го оштетил буџетот за 131 милион динари