Ковид-19 го одложи денешното рочиште за„Тврдина-Таргет”

Од:

Обвинетиот Васил Исаковски во случајот „Тврдина-Таргет” е позитивен на Ковид-19, поради што е одложено денешното рочиште за овој предмет за масовното незаконско прислушување.

Според здравствените протоколи обвинетиот Исаковски, до 21 ноември нема да може да присуствува на закажените рочишта, односно до овој датум во Кривичен суд Скопје, нема да се води постапката по овој предмет.

Судијката Џенета Беговиќ, која го води процесот, имајќи ги предвид новите околности и големиот број на оштетени кои треба да се произнесат за овој предмет, им предложи на обвинителите да дадат мислење за издвојување на постапката за против обвинетиот Исаковски.

Но, еден од застапниците на обвинението, обвинителот Трајче Пеливанов, даде негативно мислење, со образложени дека домашната самоизолација на обвинитиот Исаковски, ќе трае уште осум дена.

Воедно, на денешното рочиште во својство на оштетени беа повикани да сведочат околу 40 лица, меѓу кој новинари, лица од јавниот живот и поранешни вработени во МВР.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Би можело да ве интересира

Ристовска: Повторно нема да има одговорност за незаконското прислушување во државата, што е директна последица на измените на КЗ

Мијалков нема да одговара за нелегалното прислушување, застаре делото за „Таргет-Тврдина“

Рочиштето за масовното прислушување одложенo поради законските измени, Мијалков се спасува од делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески

Повторената постапка за „Таргет-Тврдина“ одложена за утре

Амбасадата на САД го следи ослободувањето на Мијалков: Без оглед на судските одлуки, остануваат санкциите

Кристијан Ландов

Судскиот мониторинг покажува: Многу веројатно предметот за прислушкувањето и Мијалков да застари

Кристијан Ландов