Ковачки: Уште не одговорија од СДС, дали Ковачевски лажел за да избега од војска или е навистина трајно неспособен

Од:

„СДС антимакедонска предводена од дезертерот Ковачевски денеска се симна на ниво на партија во очај. Морам да одговорам на обвинувањата лично кон мене искажани денеска од структурата која е предводена од Трајно неспособен Премиер или лажго кој избегал од служење воен рок со потврда дека е Трајно неспособен“, реагира Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ преку својот фб профил.

„Неколку пати имам кажано дека не сакам да зборувам за себе, но на гнасотилаците од СДС мора да одговорам соодветно.

Одиме со ред.

1. СДСМ: Драган Ковачки, кој беше полковник во Армијата, дезертира за политички да му служи на Христијан Мицкоски.

Еве го одговорот:

Во 2001 година сум вонредно унапреден во чин капетан за заслуги во одбрана на татковината.

Во 2003 година со 30-тина доброволци заминавме како први припадници на АРМ во Ирак.

Оценката за учеството во мисијата во Ирак е 5 – особено се истакнува.

Во 2020 учествував на парламентарните избори за избор на пратеници.

Со волја на граѓаните сум избран како пратеник. Тој што е избран на избори има народен легитимитет.

Значи, заминав од АРМ со чин полковник затоа што бев избран за пратеник. Кој дел тука е нејасен?

Инаку, дезертер е лице кое избегало од војска и одбило да и’ служи на државата.

Прашајте ги колегите во АРМ нека ви кажат кој сум. Дезертер секако не сум, а за Вашиот премиер веќе видовме со документ – Трајно Неспособен.

2. СДСМ:

Ковачки излегува во јавноста и во име на Мицкоски шири лаги и невистина во обид да направи дефокус.

Еве го одговорот:

Господо комуњари, која лага сум ја ширел?

Тоа дека Вашиот премиер е трајно неспособен или дека лажел дека е трајно неспособен за да избега од војска додека родителите на децата на фронтот не спиеја по цела ноќ чекајќи ги нивните чеда да им ги вратат во црна вреќа?

Што е лагата, дека Ковачевски дезертираше затоа што татко му бил градоначалник на Куманово и му средил да си остане дома за да после 20 години стане премиер на државата?

Бедно.

3. СДСМ: За каков човек станува збор, доволно кажува фактот што Ковачки додека бил дел од Армијата, бил казнет поради закани упатени кон началникот на Генералштабот на Армијата.

„Долга е раката на ВМРО“, се заканувал дезертерот Ковачки, а притоа навредувал и клеветел.

Еве го одговорот:

За тоа дали сум се заканувал веќе има судски процес покренат од мене и истиот е во тек.

Нема да му штетам на судскиот процес како што тоа во моментов го правите вие и дополнително се дозакопувате и потврдувате дека тоа е направено поради политичка насока.

Инаку, јас уште пред 2 години се обврзав дека ќе ја запознаам јавноста со пресудата. И тоа ќе го направам кога ќе заврши процесот.

4. Дали освен закани, навреди и клевети кон претпоставените, Ковачки оддавал и воени и тајни и бил шпион против државата, тоа треба да го одговори самиот Ковачки.

Ете со какви луѓе е опкружен Мицкоски, со дезертери, со лица што се закануваат и шират невистини“.

Еве ви го одговорот:

Вие сте лудаци.

Како може мене да ме наречете шпион?

Додека сум ви обезбедувал мир и сум се борел за државата вие правевте шеми за крадење и се криевте на Халкидики.

Цел живот сум го посветил на Македонија, сум ја запоставил фамилијата за да ја бранам од такви како вас, предавници и одработувачи на туѓи агенди.

Најголемите шпиони се во Владата и во вашата распадната партија.

Ако сакате може и со имиња да ви ги кажам, бандо црвена.

Можете да напишете какви лаги ви дојдат на памет за мене и за тоа веќе ви најавив тужба, но со ништо нема да го смените ФАКТОТ дека за премиер и претседател на вашата партија имате ТРАЈНО НЕСПОСОБНО лице на кое треба да му се утврди деловната способност“, пишува Ковачки.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Сексистички навреди кон Силјановска на митингот во Куманово, Пендаровски се смее