Ковачки: Спасовски сака да го донесе Законот за внатрешни работи без консултирање на опозицијата, ЕУ и ОБСЕ

Од:

Со измените на Законот за внатрешни работи, во моменти на исклучителна геополитичка затегнатост и во моменти кога нацијата треба да биде сплотена, а безбедносниот сектор консолидиран и со зголемена будност, Оливер Спасовски и СДСМ законски го разградуваат Министерството за внатрешни работи, преку унапредување на свои, партиски кадри дури со по 3 нивоа одеднаш рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

– Измените на законот за внатрешни работи се носат без никаква консултација со опозицијата и со непочитување на насоките од Прибе за инклузивност во процесот на носење на Законите од безбедносната сфера, како и со игнорирање, односно неконсултирање и понижување на Европската Унија, ОБСЕ и други организации и институции кои во минатото помагаа и вложија сопствени средства и огромни напори, токму во системот на градење на кариера во Министерството за внатрешни работи. Со предложените измени, кои НЕ се во склад ниту со препораките од ГРЕКО на кои се повикува Спасовски, во институција која е хиерархиски поставена, за да напредувате во кариера, треба да ги имате потребни квалификации, односно стручност, компетенции и подеднакво важно, потребно искуство вели Ковачки.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

(ВИДЕО) Спасовски: Ако не се покачи минималната плата, Македонија ќе остане без своите работници

(ВИДЕО) Спасовски: Со минимална плата од 600 евра ја штитиме егзистенцијата на граѓаните, прифатете го Законот

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ