Ковачки: Ковачевски да прифати гаранции за јазикот и за историјата

Од:

Во преговорите со Бугарија, не смее да биде оспорена македонската национална посебност, ниту пак засебноста на македонскиот јазик. Имаме информации дека дејствијата на Ковачевски во процесот на преговори се многу подлабоки од менување на Уставот, и внесување на Бугарите во Преамбулата рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМЕ Драган Ковачки.

– Сето ова отвора сомнеж дека во прашање е многу повеќе од Уставот, а тоа е национално осакатување преку задирање во јазикот, историјата, па дури и со решение да не блокираат на европскиот пат. Затоа бараме писмени гаранции кон кои ќе се обврзе Бугарија, а зад чие барање ќе застане Ковачевски. Дополнително Ковачевски треба да побара гаранции и од Брисел, дека нема да има повеќе кочење на патот кон ЕУ, и безброј нови барања од Бугарија. Македонија мора да добие писмени гаранции дека никој веќе нема да ја блокира само заради тоа што не сакаме да правиме ревизии на историските вистини коишто се потврдени од антифашистичката коалиција во Втората Светска Војна. Никој нема право да ни го оспорува членството во ЕУ и никој нема право да го блокира просперитетот на нацијата. Овој народ одамна заслужи да ги отпочне преговорите со ЕУ, без никакви дополнителни толкувања и условувања, вели Ковачки.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ