Ковачки: Изјавите на Спасовски и на Османи се доказ дека Владата флертува со оние кои ја негираат Македонија

Од:

Скандалозните изјави на Спасовски и Османи се доказ дека владата флертува со тие кои шират омраза и негаторски ставови кон Македонија рече не прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

– Со ваквиот однос само се оправдуваат нивните неразумни чекори и барања, а тоа го прават само од ним познати причини. Секогаш кога власта попушта пред вакви работи имаат некој криминал кој сакаат да го сокријат и затоа се ранливи. Спасовски и Османи треба да се свесни дека со вакви изјави и со непреземање на навремени мерки само овозможуваат ескалирање на состојбите и ризикуваат вжештување на односите помеѓу двете држави. Недржавничкиот однос кој власта го покажува на дело кон сопствениот народ е најголемиот пораз кои може да и се случи на Македонија вели Ковачки.

Би можело да ве интересира

Бујар Османи од Брисел: Европскиот пат е блокиран, Охридскиот договор се урива

(ВИДЕО) Спасовски до Трипуновски: Дали 1.500 вработени во земјоделство ги оставивте без здравствено осигурување?

(ВИДЕО) Спасовски: Ако не се покачи минималната плата, Македонија ќе остане без своите работници

(ВИДЕО) Спасовски: Со минимална плата од 600 евра ја штитиме егзистенцијата на граѓаните, прифатете го Законот

(ВИДЕО) Ковачки: Вратите се отворени за секој кој сака да биде дел од тимот кој победува

А1он

Османи: Законот за правична застапеност не треба да помине

А1он