Ковачки: Хеликоптери, борни коли и барикади, во одбележувањето на раѓањето на Делчев се виде неспособноста на власта

Од:

Скандалозната организација за одбележувањето на раѓањето на Гоце Делчев е најсилен доказ дека власта е одлепена од реалноста и дека се плаши од народот рече на прес конфренција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

– Ова ли се плодовите на пријателството? Хеликоптери, борни коли и барикади. Договорот за пријателство е затруено дрво, а затруените плодови еве ги гледаме денес. Во одбележувањето на раѓањето на Гоце Делчев се виде неспособноста на власта на Ковачевски и Ахмети, каква ја гледаме во секој еден сегмент од државата, која е во распаѓање. Денот кога Македонците, но и сите останати граѓани требаше да покажат обединување, помина со голема поларизираност, цензурирање, непотребно и масовно трупање на полиција и дополнителна поделеност, за која директно се одговорни Ковачевски и Пендаровски вели Ковачки.

според него Владата како никогаш порано во историјата, им забранила на сопствените граѓани, во масовен број да дојдат пред почивалиштето на Делчев.

– Нема поголемо понижување за македонскиот револуционер Гоце Делчев, цвеќе да му положат делегациите на Пендаровски, кој јавно изјави дека Гоце Делчев се декларирал за Бугарин и на Ковачевски кој одби да носи пушка на рамо тогаш кога и’ требаше на Македонија. Нема поголемо понижување во владина делегација да ви биде Артан Груби, кој одби да му се поклони на најсветлиот лик во македонската историја и во континуитет со своето однесување, ги понижува националните празници рече Ковачки.

Би можело да ве интересира

Ковачки: Бандата црвена мора да се демонтира до последен, прочка не смее да има

Горан Наумовски

ВРЕДИ: “Скенерот“ што го бара Али Ахмети се вика Артан нон грата Груби

Катерина Ѓуровски

Ковачки: Нашата сила е во заедништвото тоа ќе донесе нови патишта и улици, почисти и поуредени населби, подобри училишта, повеќе можности за младите

За да оди на протест на поранешната ОВК во Тирана, Ахмети ги откажа настаните на последниот ден од кампањата

Меџити: Ахмети не зборува ништо за „српскиот свет“, бидејќи лобисти се неговиот син и неговото семејство

Изјавите на Ахмети не заслужуваат да се коментираат, вели Мицкоски