Ковачевски: Треба да следува апанажа доколку некој извршувал општествена функција

Од:

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски смета дека апанажата која ја побарал од Собранието после оставката како премиер, е според закон и дека треба да им следува на сите што извршувале општестврна и политичка функција за може да ја користи одреден период додека и се врати на својата кариера.

„Својата функција ја обавував согласно законот, согласно законот и поднесов оставка. Мандатот на претседател на Влада и на членови на Влада завршува на сто дена пред избори, што значи било кој министер и претседател на Влада, согласно законот е поднесена оставката, таа е заради исполнување на законската обврска мандатот на престане на 100 дена од одржување на изборите. Со тоа завршува мандатот, било кој да бил претседател на владата, неговиот мандат завршува на сто дена пред избори“, објасни Ковачевски.

Според него треба да следува апанажа, за да може да се искористи одреден временски период да се направи трансфер во кариерата.

„Доколку некој извршувал општествена функција треба да следува апанажа да може да искористи одреден временски период својата кариера да ја насочи кон некоја друга. Не би сакал да давам популистички изјави дека нешто не треба да се прави, затоа што таа се прави за многу избрани и именувани функционери. Има луѓе што седат четири години во Парламент и после тоа ако не се веќе дел од Парламентот треба да направат трансфери на својата кариера во некоја друга област“, рече Ковачевски.

Би можело да ве интересира

На поранешните заменици министри Хусеини, Бајдевски, Буши и Николоски одобрени барањата за апанажа

Левица: Трет бран апанажи – ексфункционерите ќе ги чинат граѓаните околу еден милион евра

Левица: Уште седум нови барања за апанажа – 750.000 евра го чинат народот поранешните функционери на ДПМНЕ, СДС и ДУИ

(ВИДЕО) Ковачевски: Гледаме политички пазар, без јавна дебата, за зголемување на државната управа

Горан Наумовски

Левица: Граѓаните ќе платат најмалку 600 000 евра за апанажа на пратеници од минатиот состав

На Пендаровски ќе му мирува правото на пензија, на 29 пратеници од претходниот состав им е одобрена апанажа