Левица: Граѓаните ќе платат најмалку 600 000 евра за апанажа на пратеници од минатиот состав

Од:

Деновиве во јавноста излезе информација дека Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата, досега, на најмалку 29 пратеници од минатиот парламентарен состав им одобрила да земаат апанажа во траење од една година, која е во висина на платата на пратениците, а истата ја исплаќа Собранието, велат од Левица.

– Само досега потврдените апанажи на поранешните пратеници ќе ја чинат државната каса над 600 000 евра. Велиме ,,досега”, бидејќи рокот за поднесување на барања за апанажа трае до 28 јуни, а право на апликација имаат вкупно 57 пратеници од минатиот состав. Покрај енормно високите плати, надоместоците за патни трошоци, бифето кое служи по набавни цени и многу други привилегии, правото на апанажа претставува уште еден доказ дека пратениците се најпривилегираните работници во државава. Наспроти нив обичниот работник одвај врзува крај со крај и не му се почитуваат и оние малку права кои му се законски загарантирани. Ја потсетуваме јавноста дека на седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, единствено пратеникот на Левица, Борислав Крмов, како член на истата, гласаше против доделување на апанажите. Исто така, Левица уште во 2022 година поднесе Закон за укинување на апанажата за избраните и именуваните функционери како и Предлог – закон за воведување на апанажа за работниците. И двата закона беа експресно одбиени од страна на широката буржујска коалиција СДС-ДУИ-ДПМНЕ-ВЛЕН, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Владата го зголемува товарот на задолжувањето, а ги намалува инвестициите во развојот

Катерина Ѓуровски

Левица: Прифаќаме преговори, но сме против билатералните уцени од Бугарија како предуслов за евроинтеграција

А1он

Левица: Нов Луна парк само на хартија – раскинат договорот со „МАСТЕФ“, Градот без официјално образложение

(ВИДЕО) Левица повторно ќе поднесе Предлог-закон за гарантирано платено породилно отсуство за земјоделките

Левица: Сомнителни тендери во МАНУ под вмровска контрола – над четирипати повисока цена за дезинфекција, дезинсекција и дератизација

Горан Наумовски

Исмаил до Тошковски: Кој е крив за бегството на Ива Михаилова?

А1он