Ковачевски свикува лидерска средба

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски, ќе испрати покана до парламентарните политички партии за лидерска средба, која ќе се случи на 7.11.2022 година (понеделник), во 12:00 часот во Собранието на Република Северна Македонија информираат од прес службата на Владата.

– Средбата која ја свикува претседателот на Владата, Ковачевски се организира со цел да се отвори дискусија за европската иднина на Република Северна Македонија, но и за одлуките кои во наредниот период треба да се носат во Собранието со широк политички и општествен консезус. Ве информираме дека поканата до претседателите на парламентарните политички партии ќе биде испратена во текот на утрешниот ден, 2.11.2022 година (среда) се вели во информацијата испратена од Владата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Мицкоски: Техничката влада оди во историја, најден компромис за Законот за прекршоци

Касами: Со измените на Изборниот законик до отворени листи и повеќе права за дијаспората

Почна лидерската средба

Катерина Ѓуровски

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата