Ковачевски свика итни седници на Централниот и Извршниот одбор по лидерската средба со Мицкоски

Од:

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска потврди дека утре претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски свикал седница на Централниот и Извршниот одбор на партијата.

-По вчерашната средба имаме нови околности на политичката сцена и токму тие нови околности се повод за свикување на Извршниот и на Централниот одбор а секако дека тема ќе бидат начинот и формата со која што понатаму ќе продолжат преговорите со ВМРО-ДПМНЕ, изјави Кузеска денеска на прес-конференција.

Претходно, Кузеска повтори дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ де факто го промениле ставот, како што рече таа, „прифатија уставни измени и учество во Влада за европска иднина на паритетна основа, со ист број на министри“.

-Дури и условот ДУИ да не биде дел експресно беше прифатен од страна на ДУИ, само да не се измислуваат нови и нови услови. Од друга страна прифатено е барањето измените на Уставот да важат одложено, односно од денот на одржувањето на втората меѓувладина конференција. Барањето за избори што понатаму ќе ги спроведе заедничката влада исто така е прифатено. СДСМ како одговорна, државотворна партија повторно покажа државнички капацитет и уште еднаш потврди дека иднината на граѓаните и интересот на државата се на прво место, оцени Кузеска.

Додаде дека сега врз основа на новите околности на политичката сцена потребно е дијалогот да продолжи.

Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски на вчерашната средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски понуди консензуално усвојување на уставните измени, во замена на влез на опозициската партија во Владата со пет министри. Мицкоски рече дека за него е прифатливо учество на ВМРО-ДПМНЕ во заедничка влада со СДСМ и останатите партии, но без ДУИ, по што од ДУИ веднаш реагираа на ваквиот предлог на Мицкоски со став дека во интерес на усвојување на промените на Уставот, би прифатиле да поддржат формирање влада до изборите во која нема да учествуваат.

Би можело да ве интересира

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

Преземените обврски мора да се почитуваат порачува францускиот амбасадор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети