Ковачевски: Со судска пресуда е докажано, Белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ е криминален имот

Од:

Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е синоним за криминал и незаконски имот стекнат врз грбот на граѓаните истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во одговор на пратеничко прашање на денешната седница на Собранието.

„Со судска пресуда од предметот Талир 2 е докажано дека дворецот што вреди седум милиони евра е незаконски и криминално стекнат, врз грбот на граѓаните, односно со пари украдени од граѓаните. Тоа значи дека тие кои тогаш биле на власт, краделе од граѓаните, граделе имот, се луксузирале, и на незаконски начин изградиле објект додека граѓаните тонеа во сиромаштија и долгови, во време кога минималната плата беше 9.000 денари двојно помалку од денес, кога социјалната помош беше три пати помала од денес.

Се злоупотребувале милионски суми на пари, се злоупотребувале процедурите, Деталниот урбанистички план за таа зграда е три пати менуван за да може ВМРО-ДПМНЕ да добие 12.000 квадратни метри за седиштето, а на местото на станбена зграда, да никне хотел. Таа шема е докажана на суд.

Затоа кога се зборува имот, прво треба да се погледне во сопствениот двор.“ посочи Ковачевски.

Ковачевски порача дека секој државен функционер мора да го пријави до Државната комисија за спречување корупција и за тоа отстапка нема.

„Секој функционер, без разлика од која политичка партија доаѓа, без разлика на која државна позиција е должен согласно закон, да поднесе анкетен лист за се она што го поседува до Државната комисија за спречување корупција. Сите оние кои не го сториле тоа во законскиот рок треба да бидат санкционирани согласно законот. И од тоа никој никогаш не добил заштита ниту од мене, ниту од кој било друг член на Владата.

Се што јас поседувам сум го стекнал низ 22 годишната кариера и сето тоа е пријавено во ДКСК и секоја промена навремено е доставена до ДКСК.

Вие фабрикувавте афера која нема никаква основа, а ја фабрикувавте затоа што вашата партија, вашиот претседател и вашата градоначалничка на Град Скопје се најдовте во средиште на огромна афера која сами си ја отворивте и себе си се обвинувавте кој какви тендери местел во Водовод Скопје, кој какви вработувања правел, бидејќи тоа беше единственото нешто за кое се зборуваше, вие решивте да фабрикувате афера.“ порача Ковачевски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена