Ковачевски со предлог до Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе добие избори ако гласа за уставните измени

Од:

Извори од Влада за „А1он“ брифираат дека премиерот Ковачевски на лидерската средба со Христијан Мицкоски дошол со план и конкретни три предлози.

Дел од предлозите на Ковачевски, како што дознава „А1он“ се двете најголеми македонски партии заеднички да застанат зад уставните измени и ервопската иднина на земјата и да ги изгласаат уставните амандмани во Собранието со што во Уставот би влегле Бугарите, а процесот кон ЕУ ќе продолжи со отворањето на конкретните поглавја.

Вториот предлог е веднаш после усвојувањето на уставните измени да се распишат избори како компромисно решение кое ќе значи продолжување на европскиот пат и обединување околу стратешкиот интерес на земјата“, велат нашите извори.

Ова му дава излез на Мицкоски со оглед на тоа што клучно барање на ВМРО-ДПМНЕ се предвремени парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Мицкоски: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија

А1он

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

Мицкоски чека одговор од студентите за владиниот предлог за студентски оброк

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски