Ковачевски: Руски ботови и платени политичари се против уставните измени, ветото за Македонија ќе дојде од внатре

Од:

Клучната порака за евентуалните уставни измени е дека ако се погледнете дискусијата во јавната комуникација, ќе се види дека нема ниту една забелешка на амандманите, не задираат во ниту едно идентитетско прашање – се работи за техничка измена на Уставот, вели Премиерот Ковачевски.

„ Со тоа се демантираат лагите дека ќе се бугаризира македонскиот народ, освен од неколку платени руски ботови и платени политичари и аналитичари, кои што мораат заради финансиски средства да го зборуваат тоа, но во тоа нема никаква суштина“, вели Ковачевски.

Според Ковачевски овојпат не треба да се плашиме од вето однадвор, бидејќи ветото може да дојде од внатре од нашата држава.

„Ако досега ветото за Северна Македонија за евроатлантските интеграции доаѓаше од надвор, денес за првпат ветото може да дојде од внатре од политички партии кои декларативно кажуваат дека се за интеграција, а историски имаат докажано дека се против евроатлантските интеграции. За првпат имаме политичари после 32 години независност кој што вели дека европската агенда не е иста со македонската. Тоа досега ниту еден политичар не го кажал. Тоа значи дека има некаков друг план во однос на интеграцијата на државата“, вели Ковачевски.

Во Северна Македонија не може странци да завршат работа. Тоа е работа која може да ја завршат само македонски политичари без разлика од која партија доаѓаат, а Македонија друг пат нема, дециден премиерот Димитар Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Гаши: Уставот не треба да се отвора ад-хок, ова е сензитивно прашање

Катерина Ѓуровски

Сиљановска – Давкова: Во Македонија околу 80 отсто од граѓаните не сакаат да се менува Уставот

Касами: Во Бугарија во моментов нема кредибилен соговорник за чекорите по уставните измени

Мицкоски: Нема да има уставни измени без гаранција за правата на Македонците во Бугарија и без потврда дека ова е последна отстапка

Радев очекува побрза ЕУ интеграција на Македонија одма после уставните измени