Ковачевски: Регулаторна е соучесник во грабежот на граѓаните преку сметките за струја

Од:

Регулаторната комисија за енергетика и во последниот Извештај за нејзината работа за 2015 година, не им ги дава клучните одговори на граѓаните:

1. Зошто Регулаторната комисија за енергетика дозволува граѓаните да плаќаат поскапа струја, кога е падната цената на електричната енергија на слободниот пазар? Зошто се уште не е намалена цената на струјата?

2. На регионалните берзи цената на струјата е 30 евра за мегават час, а Регулаторна дозволи граѓаните на Македонија ја плаќаат за 52 евра по мегават час – или во просек по 2 милиона евра повеќе, месечно!

3. За колку проценти ќе беше помало најавеното намалување на цената на струјата, кое никако да се случи, ако граѓаните не плаќаат по стотици милиони евра за наводни ремонти во РЕК Битола?

4. Дали ќе беше поголемо намалувањето ако не беа криминалните договори за ископ и транспорт на јаглен во суми одпреку 200 милиони евра што оделе кај “Ибица“, “Кратовчанецот“, “Битолчанецот“ … како што слушнавме во проектот Вистината за Македонија?

5. За колку ќе се зголеми производната цена на електричната енергија поради авантуристичките проекти на власта: рајски градини, барокни фасади, ски стази…?
Ова се само неколку одговори што Регулаторната комисија за енергертика мора да им ги даде на граѓаните, но ги нема во нејзиниот Извештај. Ги нема, бидејки Комисијата работи во служба на власта на ВМРО-ДПМНЕ и големите компании, не на граѓаните, што е нејзина обврска.

Токму затоа, од 2006 година до денес цената на електричната енергија е зголемена за дури 100 проценти, вели Васко Ковачевски.

Регулаторната комисија за енергетика, чиј прв човек е од редовите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Кратово е соучесник во грабежот што го прави на власта на Груевски врз граѓаните преку плафонските сметки за струја.

Порачуваме дека ќе има одговорност за сите оние кои на каков било начин учествувале во злодела врз граѓаните.

СДСМ во својата Програма се обврзува дека ќе ја врати ефтината тарифа на струјата, ќе вложиме во домашните капацитети, а Регулаторната комисија ќе биде независно тело кое ќе ги штити исклучиво интересите на граѓаните.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он