Ковачевски: Отворени се преговорите со Европската Унија

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, по повод почетокот на скрининг процесот за членство на Северна Македонија во Европската Унија, истакна дека после 17 години ЕУ денеска во Брисел го започна скрининг процесот за Северна Македонија за членство во Европската Унија.

„Отворени се преговорите со Европската Унија! После 17 години чекање, денеска во Брисел се отвори скрининг процесот за Северна Македонија за членство во Европската Унија. Започнуваме процес во кој ќе се продлабочат суштинските реформи за имплементација на европските регулативи, за европеизација на општеството и за европско функционирање на државата. Денешниот ден е навистина голем и важен за иднината на сите граѓани во нашата земја, тие заслужуваат да живеат во стабилно, демократско и европско општество. Посакувам успешна работа, македонскиот тим е подготвен за предизвикот“, истакна премиерот Ковачевски.

Денеска почнува објаснувачкиот скрининг за Поглавје 5, Јавни набавки. Македонската делегација во Брисел ја преводи вицепремиерот задолжен за европски прашања и главен преговарач Бојан Маричиќ. Од 15 -27 септември 2022 година ќе се одвиваат состаноци за областите и поглавјата од Кластерот Фундаментални вредности, кога Комисијата ќе го презентира новото законодавство за овие области.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

A1on

(ВИДЕО) Денков: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија, сега преговорите се помеѓу ЕУ и Скопје

A1on

Хакер: Влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата

Ана Ололовска

Сослушување во американскиот Сенат за влезот на С. Македонија во ЕУ, и за Западен Балкан

Ана Ололовска

Вархеји оптимист во однос на можноста за членство во ЕУ до 2030

Ана Ололовска