Ковачевски: Охридскиот договор овозможи континуиран развој на општествената кохезија

Од:

Денеска одбележуваме 22 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, кој донесе мир и со кој се овозможи континуиран развој на општествената кохезија и на европскиот концепт на обединетост во различностите, напиша премиерот Димитар Ковачевски на неговиот фејсбук профил.

– Северна Македонија е држава пример за функционална, одржлива мултиетничка демократија, којашто практикува европски вредности. Ние сме општество кое гарантира еднакви права и обврски за сите етнички заедници, за сите Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други заедници кои оваа земја ја сметаат за свој дом. Дом кој ќе продолжиме да го градиме во духот на меѓусебна грижа и посветеност. Нашата татковина е Европа во мало, а почитувањето на различностите е нашата предност, на што сме особено горди, објави Ковачевски.

Република Северна Македонија, пишува Ковачевски, денес е членка на НАТО, со цврсто втемелен и меѓународно признат македонски јазик и култура, која цврсто чекори со визијата што поскоро да стане дел од европското семејство на народи, каде и припаѓа.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која може да ја внесе Македонија во ЕУ

Ковачевски: Не е точно дека со ДУИ договараме бојкот на изборите на 8 мај

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Денеска е првиот чекор кон големата одлука

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Закани и блокади не враќаат назад во минатото, никој не смее да си поигрува со иднината на државата

Ковачевски: Македонија, нема повеќе време за чекање, нема откажување од иднината

Ковачевски: ДПМНЕ на Мицкоски е истото ДПМНЕ на стиропор, насилници, криминалци, заплашени медиуми, на шепотење и страв

Орце Костов