Ковачевски очекува Алтернатива да влезе во Владата: Не се разговараше за конкретни решенија

Од:

Кандидатот за следен претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, кој го придружува актуелниот лидер Зоран Заев, се надева дека Алтенратива ќе биде дел од владиното мнозинство. Прашан дали се разговара партијата на Африм Гаши да го превеземе министерското место во Министерството за здравство, Ковачевски не сакаше да коментира. Посочи дека е оптимист за зголемување мнозинството во Собрание.

„Јас важам за рационален оптимист. Верувам во решение кое ќе се оствари. Верувам дека Алтернатива ќе стане дел од мнозинството кое ќе обезбеди стабилна Влада. Ние сме пандемија со нови типови на вирусот, има светска енергетска криза, има други предизвици. За тоа ние треба стабилна влада која ќе ги носи законите кои ни се потребни. Затоа велам дека верувам и се надевам дека Алтернатива ќе донесе позитивна одлука која зависи од партиските органи“, кажа Ковачевски.

За распределбата на ресори и информациите дека Алтернатива бара две вицепремиерски и две министерски места, Ковачевски рече дека се шпекулативни информации.

„Ние имавме една средба со претседателот на Алтернатива, Гаши и тимот. Имаше начелна согласност за програмските определби кои би биле влог на Алтернатива во Владата за стабилна Северна Македонија на патот кон ЕУ. Таму не се разговараше за конкретни решенија, ќе продолжат разговорите денес. Тоа што беше комуницирано, се шпекулации кои не се засноваат на факти“, рече Ковачевски, а прашан дали ако тој биде иден мандатар ќе се согласи Министерството за здравство да го раководи кадар на Алтернатива, рече: „Јас не можам да го коментирам ова. Мандатарот, односно премиерот на државата, по завршување на изборите за претседател, следува конгрес. Низ партиските тела се носи таа одлука, зависи од коалиционите партнери, но и Парламентот. Кога тоа ќе се случи можеме да зборуваме за партиски решенија и ресори.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски