Ковачевски: Некои се исмеваат, ама кога ќе станеме членка на ЕУ, другите ќе сакаат да работат кај нас

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски по отворањето на новата градинка во Карпош 3, има порача на оние што се исмеваа на неговата средба со нашите работници кои работат во Блед, Словенија, дека тие луѓе оделе во странство поради повисоки плати кои пак се и негова цел во премиерскиот мандат.

– Некои се исмеваа со тоа што наши граѓани одат и работат во странство затоа што сакаат да имаат поголеми плати. Ние мора како лидери да обезбедиме државата да сбиде дел од ЕУ и тие плати да ги има тука. Државите кои се приклучиле во ЕУ, посебно од источен блок како Бугарија, Романија и Словачка, кај нив нивото на плати е зголемено за три пати. Имаат 852 евра поголем приход по глава на граѓанин откако влегле во ЕУ.

Сите оние што се против ЕУ, не понудија алтернатива. 11 години гледавме финансиско културолошки инженеринг кој не донесе ништо освен распад на државата и расфрлан стиропор од тоа време, но пензиите и платите не пораснаа. Граѓаните видоа само лажен патриотизам од таа власт.
На македонскиот народ во моментов седат на заедничкаса маса на НАТО. Ние сме денес во позиција да ги штитиме другите. Кога ќе станеме членка на ЕУ, тогаш други ќе сакаат да работат кај нас – убеден е премиерот Ковачевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Марта Кос: Македонија е тажна приказна, предолго чека на почеток на преговори за ЕУ

Катерина Ѓуровски

Руската елита ги заобиколува санкциите со купување „златни пасоши“ од Малта

Дурмиши: Утре ќе биде потпишана платата за вработените во Инспекторатот за труд

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

Европската унија ги потсети Вучиќ и Фицо дека не треба да одат во Москва на прославата на 9.мај

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски