Мицкоски во Минхен: Не ни треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека на Минхенската безбедносна конференција учествувал на тркалезната маса „Отворена врата или отворен крај? – Исполнување на ветувањата за проширување на ЕУ“, на која, како што наведе, ги претставил позициите на земјава за проширувањето на Европската Унија.

Во објава на неговиот Фејсбук профил, Мицкоски наведува дека пораката, според него, е едноставна и оти на Македонија и на регионот „не им треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина“. Време е, вели Мицкоски, реформите и трудот на македонските граѓани да бидат соодветно вреднувани.

– Денеска на Минхеската безбедносна конференција учествував на тркалезната маса „Отворена врата или отворен крај? – Исполнување на ветувањата за проширување на ЕУ” каде што јасно ги претставив нашите позиции за проширувањето на ЕУ. ​Пораката е едноставна: на Македонија и на регионот не им треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина. Време е реформите и трудот на нашите граѓани да бидат соодветно вреднувани, стои во објавата.

Мицкоски, вчера, на вториот ден од 62-та Минхенска безбедносна конференција Мицкоски оствари средби со украинскиот претседател Володимир Зеленски, со Ричард Гренел, специјален пратеник на претседателот на САД Доналд Трамп за специјални мисии, како и со холандскиот премиер, Дик Схоф, претседателот за глобални прашања и ко-раководител на Глобалниот институт Голдман Сакс Џаред Коен и со Тед Дојч од Американско-еврејскиот комитет.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Средбата со Фон дер Лајен беше содржајна и пријателска – ја демантирам опозицијата

А1он

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Фон дер Лајен му рекла на Мицкоски да закаже разговор во Софија, Македонија ќе добие патокази кога ќе се одблокира процесот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

Урсула Фон дер Лајен во Скопје

Мицевски: Филипче губи контрола, со навреда кон премиерот, го нарече идиот