Ковачевски: Не размислувам за оставка, мандатот не ми е поврзан со уставните измени

Од:

Императив е исполнување на обврските од преговарачката рамка, односно поднесување на амандмани кои ќе го продолжат европскиот пат, но нема да поднесе оставка ако не се спроведат уставните измени до ноември, одговори премиерот Димитар Ковачевски после лидерската средба во владината коалиција.

– Не размислувам за оставка. Одлуката за уставни измени е на двотретинско мнозинство. Ние овде разговаравме што значи членство во ЕУ. Порано не можеше да се замисли наши граѓани да работат во Полска, Хрватска, Чешка. Имаме аргументи за ЕУ и тоа е процес кој не може да биде заложник за дневно политичка потреба. Затоа мандатот на Владата не е поврзан со гласањето на уставните измени.

Оваа Влада ќе покаже дека ќе имаме парламентарно мнозинство и јас се надевам дека опозицијата ќе се приклучи во европскиот блок – рече Ковачевски.

Партнерите во коалицијата договориле во рамки на комисијата за политички систем да се отвори работна група со учество на експерти, не само домашни, туку и од ЕУ кои ќе помогнат да се најде издржано законско решение за реформи во судството.

Во однос на изборниот закон и предлозите за една изборна единица, во рамки на Собранието ќе се расрава за оваа тема каде што треба да се видат сите аспекти.

– СДСМ поддржува една изборна единица, но во парламентот ќе се расправа за модалитетите, дали треба да има изборен праг, дали не треба, застапеност на етнички заедници, родова застапеност…Договоривме оваа расправа да продолжи во Собранието – истакна премиерот.

Би можело да ве интересира

Владата ги испраќа кандидатите за јавен обвинител до Советот на јавни обвинители

Влада: Средбата со УПОЗ е закажана за четврток, не знаеме кого чекал Трендафилов

Пет кандидати во трка за Државен јавен обвинител, пријавите доставени до Владата

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство