(ВИДЕО) Ковачевски: Не постои поголем патриотизам од носењето државнички одлуки

Од:

Илинден е нашата сила и за современа, модерна, економски развиена – европска, Република Северна Македонија. Водени од заедничката борба во којашто животи се положувале за сестрите и браќата од сите народи на ова парче земја, се обединивме од сите етнички заедници и вери во едно и еднакво општество за сите, без исклучок, рамноправни пред законите, без разлика на народност, пол, раса, вероисповед рече премиерот Димитар Ковачевски на прославата на 2.август-Илинден на Мечкин Камен во Крушево.

– Нашата генерација ќе има можност сé она што е автентично за нас и за нашиот јазик, култура, обичаи и традиција да го втемели во основите на големото европско семејство, правејќи го побогато и поразнолико, вистински обединето во различностити. Поголемо признание и можност за развој на сѐ она што е македонско, не постои. Не постои и поголем патриотизам од носењето државнички одлуки. Илинденците со оружје во рака се бореле за ние денес да можеме да водиме други, поинакви битки, за развој и просперитет на сите граѓани подеднакво. Денес, нашиот поглед е свртен кон иднината, исто како и погледот на илинденците и во 903-та и во 44-та и во 91-та. Сега е време е за обединување, за заедништво, за верба во подобро утре, но пред сѐ за посветена работа за да развиеме силна, успешна и просперитетна европска држава рече Ковачевски.

Ковачевски дече дека денеска Македонија стои рамо до рамо со сојузниците и партнерите во НАТО и ЕУ.

– Генерациите на денешнината ќе ја имаат можноста да го посведочат денот кога со полноправно членство, македонскиот јазик ќе е еден од службените јазици на ЕУ, еднаков со сите останати 24 официјални јазици на Европската Унија. Сонот македонскиот јазик да се чуе надалеку, да го запознаат, чујат и доживеат земји и култури коишто никогаш досега немале допир со него, ќе стане стварност.

Ковачевски порача дека е време за нови, заеднички победи.

– Ние никогаш нема да заборавиме кои сме и од каде доаѓаме и од што сме направени, а тоа ќе е нашата сила храбро да зачекориме и да отвориме ново поглавје во македонската историја го заврши премиерот обраќањето на Мечкин Камен.

Би можело да ве интересира

Сиљановска Давкова во Пелинце ќе го одбележи Илинден, Мицкоски во Крушево, Гаши во Скопје

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски

Ковачевски од Струмица: Му благодарувам на ЗНАМ што ја разјасни дилемата и што застана јавно со ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он