Ковачевски не открива како ѝ оди на сопругата бизнисот со фотоволтаици

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски запрашан како оди бизнисот со фотоволтаици на неговата сопруга за кој „А1он“ објави претходно, рече дека обновливите извори на енергија се нешто што како тие како Влада го поттикнале и дал резултати после една година.

Наместо со одговор на новинарско прашање за неговиот семеен бизнис, Ковачевски му се обрати на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Обновливи извори на енергија се нешто што како Влада го поттикнавме и резултатите се 182 мегаварти инсталиран капацитет за една година. Би му порачал на лидерот на опозицијата дека секогаш ја промашува работата како што ја промаши во јануари дека ќе има парламентарно мнозинство, се што јас и моето семејство имаме е пријавено во анкетен лист, во сите институции. Да, тоа е иднината, не само во обновливите извори. Ние сме едни од лидерите во регионот на обновливи извори на енергија. Цел еден блок на РЕК Битола може да биде заменет во моментов со енергијата од фотоволтаиците – рече премиерот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами

Катерина Ѓуровски

Ковачевски вели работел законски, очекува непристрасна постапка од институциите

Катерина Ѓуровски

МВР го објави деталите од кривичната против Ковачевски, Груби и Бајрами

А1он

Не е отфрлена кривичната пријава против Ковачевски, Обвинителство ги проверува наводите

Катерина Ѓуровски

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски