Ковачевски: Најдобриот одговор на лагите и хистеријата на ВМРО-ДПМНЕ против коридорите дојде од САД

Од:

Најдобрата потврда за тоа дека изградбата на коридорите е инфраструктурен проект правен согласно со закон, согласно со сите процедури запазени со специјален закон донесен овде во собранието без ниту еден глас, дојде од тие кои што ги повикувавте да одговорат, односно од американската амбасада, порача од собраниската говорница претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

„Сите оние лаги, хистерии што се прават во медиумите, целото тоа кочење кое што се обидувате да го правите за жал не даде никаков резултат освен што фрла дамка врз најголемиот светски конзорциум кој што не само што има изградено во регионот најголеми патишта, туку и пошироко од регионот“ посочи Ковачевски.

Претседателот Ковачевски во одговорот на пратеничко прашање, освен на инфраструктурниот, се осврна и на економскиот аспект од изградбата на коридорите.

„Прво изградбата е стратешки проект од национален интерес, второ ги поврзува градовите, ја поврзува нашата држава со околните држави во светот со модерна патна инфраструктура, никогаш во државата коридорот 8 и 10д ниту биле планирани да се прават ниту биле ставени со проект на хартија и затоа државата до сега беше кружен тек на Балканот а со нивната изградба ќе стане раскрсница на Балканот, тоа значи модерно поврзување и со пристаништето во Драч и со пристаништето во Бургас бидејќи до сега монопол имаше Солунското пристаниште преку Коридорот 10. Изградбата на овој проект исто така има огромни придобивки за македонската економија, прво проектот значи нови 8.000 работни места за проектирање и изведба на трасите од двата коридора, 1.3 милијарди евра инвестиции кои што ќе предизвикаат номинален раст на БДП од најмалку 2% на годишно ниво во наредните 5 години“ посочи Ковачевски.

Тој истакна дека со законските измени и новиот систем на градба, ќе се избегнат случаи на нефункционалност, која се случуваше со изградбата на автопатот Кичево – Охрид.

„Кога зборуваме за автопатиштата треба да се потсетиме како изгледа градењето на автопатот од Кичево до Охрид, тоа е најеклатантен пример на нефункционирањето на еден систем каде што пред 10 години е започнат автопат, кој што е договорен со кинески изведувач и инвеститор, кој што договор вреди 400 милиони евра, до сега се потрошени 600 милиони евра и нема ниту еден милиметар автопат пуштено за употреба за граѓаните, 10 години, на платени 400 милиони евра, каде што проектот бил направен на Гугл мапс, кој што поминува низ сред село, преку гробишта, преку резервоар за вода, со промашени од свлечишта, клучки и се комплет. Со се ова што се прави сега се исправаат тие грешки за да може прво да се добие проект кој што ќе одговара на реалната слика на теренот кој што треба да се гради и затоа е избран моделот на црвен фидинг кај што се работи и проектирање и изведба паралелно на делници кои што се подготвени а со законските решенија кои што веќе ја поминаа комисиската расправа се врши усогласување на законските решенија за да може тоа да се направи поевтино, побрзо и поефикасно со цел граѓаните да се возат по автопатишта а не само да плаќаат изградби на автопатишта“ порача Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски се сретна со Зеленски, му изразил поддршка и желба за траен мир

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Со одлуката на ДКСК се потврдија лагите за Јован, го обвинија и го судеа без докази само затоа што ми е син

Филипче: Муртезани постојано го демантира Мицкоски за наводната поддршка за уставни измени со одложено дејство

Катерина Ѓуровски

Синот на Мицкоски сам го платил патувањето во Вашингтон, Антикорупцска го затвори случајот

ВИДЕО: Снајперисти, дронови, морнарица, строги безбедносни мерки за доаѓањето на Зеленски во Дубровник, на Самитот ќе учествува и Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Уште чекаме одговор од Мицкоски за собраниска седница за европската интеграција