Ковачевски најави предлог до Владата за бесплатна замена на возачки и сообраќајни дозволи до крајот на годинава

Од:

На седница на Владата денеска ќе биде предложено решение со кое ќе се овозможи замената на возачките и сообраќајните дозволи да биде бесплатна до крај на годината, најави претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.

На новинарско прашање Ковачевски рече дека досега се сменети над 1,2 милиони патни исправи и над 550 илјади сообраќајни и возачки дозволи, објаснувајќи дека на досегашната бројка на изаддени документи влијаела двегодишната пандемија со мерки за дистанца која ги нарушила каналите на снабдување и производствени процеси во фабриките за документациите.

– Секако дека тоа влијаеше. Она што е важно, исто така е дека голем дел од патните исправи се заменети. Секое ширење на паника и давање популистички изјави кои не се во насока на решавање на проблемот туку се некакво лично себе истакнување не носат ништо добро. Затоа пратеничката група на СДСМ вчера, а нормално и претседателот на Собранието кој сега е од нашата партија дојдоа веднаш до консензус со сите партии, за да се продолжи рокот на важењето на документите за внатрешна употреба и тоа се направи. Нашите министри денеска на седница на Владата ќе предложат решение со кое замената на возачките и сообраќајните дозволи до крајот на годината ќе биде бесплатно, на трошок на државата, за да може да се реализира тој процес до крајот на годината, рече Ковачевски, на новинарско прашање при посетата на Куманово.

Ковачевски се надева дека Министерството за внатрешни работи со своите управи и раководство ќе успеат навреме да набават обрасци за патните исправи, бидејќи, како што посочи, и тоа е сложен процес бидејќи не се произведуваат во нашата држава, туку во Германија, а со правилно организирање на процесот тој ќе заврши.

Посочи дека се работи за голема операција за замена на сите лични документи, која произлегува од меѓународен договор ратификуван во нашето Собрание и во Собранието на Грција.

-Би искажал и жалење во однос на она што граѓаните го поминуваат, мора да се биде реален, бидејќи не е едноставно да се нема патна исправа. Меѓутоа, тоа е процес којшто ќе мора сите заедно да го изодиме. Исто така, се покажа уште еднаш дека не е добро да се даваат популистички и лажни изјави бидејќи ние бевме сведоци во текот на изминатите четири години дека каде што дел политичари кажуваа немојте да ги заменувате документите бидејќи ќе го врателе името, сега гледаме дека тие политичари станаа дел од Владата. Тие не велат дека ќе го вратат името назад и дека ќе го сменат Уставот. Таква изјава не слушнав, изјави Ковачевски.

Би можело да ве интересира

МВР повторно ги повика граѓаните да ги замената возачките дозволи, крајниот рок е крајот на декември

Краен рок за промена на возачките дозволи со старото уставно име е 31 декември 2024

Горан Наумовски

Тошковски: Старите возачки дозволи ќе важат до крајот на годинава, апелирам граѓаните да ги променат

Горан Наумовски

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски

Ковачевски од Струмица: Му благодарувам на ЗНАМ што ја разјасни дилемата и што застана јавно со ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ