Ковачевски: На протестите се планира нешто што не доликува на држава членка на НАТО

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски посочи дека денеска се подготвува нешто што не доликува на земја членка на НАТО за време на протестот коj и денеска е од 19 часот пред Владата. Тој кажа дека овие информации ги добил од МВР. Не кажа дали протестите влијаат на одлуката која треба да ја донесе Владата, дали ќе го прифати францускиот предлог или истиот ќе биде одбиен.

„Ние сме демократско општество, каде секогаш и во секоја прилика, секој граѓанин може да го изрази својот став. Тоа треба да биде во рамки на законите. Се надевам дека ќе биде во рамки на законите. Вчера имавме четири повредени полицајци. Денес се планира нешто што не доликува на држава членка на НАТО“, кажа Ковачевски.

Не е дозволиво да се протестира со качулки, смета Ковачевски.

„Она што се случува пред Владата е организирано од политички партии кои се против НАТО и ЕУ. С. Македонија е демократска држава, со најуредено законодавство. Секој во оваа држава може да протестира. И јас сум протестирал, кога требало да се бранат правата на студентите и професорите, но никогаш не се случило освен еднаш и сега вторпат, да протестираат луѓе кои носат качулки кои гаѓаат по полиција, да имаме повредени полицајци. Секој може да протестира за секое прашање. Но целта, да се носат качулки, да се оди маскиран, е недозволиво за државата која го помина 27 април. Тоа не смее да се повтори. Вчера видовте дека полицијата се повлече. Овде се разговара за предлог од ЕУ. 27 земји членки, претставувани од Мишел, достави предлог за отпочнување на предговорите. Секој од нас во оваа држава е преставен преку пратениците во Собранието, без разлика од која партија се. Сите ќе ја донесеме одлуката дали сакаме преговори или не сакаме. Никому не му се криви полицајците кои стоеја позади Влада, извршувајќи ја својата должност. Не е крива ни зградата, бидејќи предлогот е дојде од 27 држави“, рече Ковачевски.

Според него, Собранието ќе одлучи кака одлука ќе се донесе, однсоно дали ќе се прифати или одбие предлогот.

„Таму ќе има состаноци каде ќе учествуваат претставници од нивните редови, каде ќе расправаат по однос на заклучоците во врска со европскиот предлог од ЕУ. Сметам дека и Шарл Мишел беше јасен во својата експликација, дека ние имаме предлог кој ни овозможува веднаш започнување преговори со ЕУ. На Собранието е да одлучи дали ќе донесеме одлука да ги отпочнеме преговорите, и со кои заклучоци“, кажа Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски

Ковачевски од Струмица: Му благодарувам на ЗНАМ што ја разјасни дилемата и што застана јавно со ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која може да ја внесе Македонија во ЕУ