Ковачевски: Малку кој веруваше дека ќе имаме просечната плата над 500 евра

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски оцени дека покачувањето на платите и вложувањето во стандардот на граѓаните е политика на која останале доследни.

„Благодарение на правичните политики и одговорното владеење, ветувањето на СДСМ од 2017 година е целосно реализирано. Малку кој веруваше дека ќе имаме просечна плата од 30.000 денари. Ова ветување беше мета на критика и потсмев од опозицијата која силно се противи на растот на платите, но и покрај честите опструкции од нив – успеавме. Во време на голема економска криза сфаќаме колку се значајни овие политики. Со покачувањето на платите ги штитиме граѓаните од големиот раст на цените, а буџетот го насочуваме онаму каде е најпотребно, да обезбедиме повеќе приходи, да ги намалиме ценовните шокови и заеднички полесно да ја надминеме кризата“, напиша Ковачевски на социјалните медиуми.

Во коментарот, изрази благодарност на сите членови на Владата во овој и минатиот мандат кои доследно и посветено работеа на остварување на ова ветување.

„Силно верувам дека граѓаните ќе ги препознаат и наградат овие политики на Владата предводена од СДСМ“, се вели во објавата за растот на просечната месечна нето-плата.

Би можело да ве интересира

Просечната плата во декември 43.587 денари

Катерина Ѓуровски

Објавена просечната плата во Германија за 2025 година

Просечната нето плата во ноември 41.999 денари

Просечната нето плата во октомври била 42.134 денари

Просечната нето плата во септември 41.585 денари

Просечната нето-плата во август 41 097 денари