Просечната плата во Македонија во април е 48.779 денари

Од:

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2026 година изнесувала 48.779 денари, што претставува зголемување од 7,3 проценти во споредба со истиот период минатата година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Во истиот месец, просечната бруто-плата достигнала 73.366 денари, што е годишен раст од 7,4 проценти.

Најзначително зголемување на примањата е регистрирано во секторот финансиски дејности и дејности на осигурување, каде нето-платите се зголемиле за 27 проценти на годишно ниво, а бруто-платите за 27,5 проценти.

Раст на просечната нето-плата е забележан и во секторите снабдување со вода, управување со отпад и санација на животната средина, со зголемување од 9,4 проценти, како и во трговијата на големо и мало и поправката на моторни возила и мотоцикли, каде растот изнесува 9,2 проценти.

Во споредба со март 2026 година, најголем месечен раст на нето-платите повторно има во финансискиот сектор, со зголемување од 20,1 процент.

Следуваат трговијата со раст од 2,1 процент и административните и помошните услужни дејности со раст од 2 проценти.

Кај бруто-платите, покрај финансискиот сектор, каде месечниот раст изнесува 20,3 проценти, зголемување е забележано и во трговијата и административните услуги со по 2 проценти, како и во јавната управа и одбраната со 1,8 проценти.

Податоците покажуваат дека растот на просечните примања во април најмногу е поттикнат од финансискиот сектор, кој бележи најдинамично зголемување и на годишно и на месечно ниво.

Би можело да ве интересира

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Во март просечната нето-плата e 48.433 денари

Горан Наумовски

Просечната нето-плата во февруари годинава е 46.159 денари

А1он

Просечната нето-плата во јануари 46.617 денари

Горан Наумовски

Вучиќ: Просечната плата во Србија е над 1000 евра, стандардот скокна за најмалку 45 проценти

Просечната нето-плата во ноември 45.961 денар

Катерина Ѓуровски