Ковачевски: Лага е тоа што го кажува Николоски за Договорот со „Бехтел и Енка“

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека е лага и ширење невистини тоа што го кажува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во врска со Договорот за коридорите 8 и 10 д со конзорциумот „Бехтел и Енка“.

Ковачевски уште еднаш ги повика владите на САД и на Турција да кажат дали во изминатите две години, откако се подготвува овој проект, некој од нашата држава од нив или од нивни компании, побарал нешто.

Според премиерот, ВМРО-ДПМНЕ повторно потврди дека единствено знае да шири хистерија и лаги и да го блокира Собранието. Тоа го правеше, нагласи, со сите битни законски решенија и со сите големи инфраструктурни проекти.

-Тоа што го кажува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ е една обична лага и ширење невистини, како што прават неговите колеги и неговиот претседател кој цел ден само се заканува и ништо не работи. Договорот со „Бехтел и Енка“ е јавно потпишан врз основа на посебен Закон, одобрен во Собранието од сите пратеници. Ги има поминато сите законски процедури за склучување. Договорот во над 400 страници ги дефинира условите за изградба на автопатот. Има и измени на неколку закони за обезбедување услови за забрзување на постапката за изградба на овие две големи делници. Намерата е да се изгради модерен автопат за пет години, со сума соодветна за таков проект. Пратениците имаат можност да ги одобрат тие одредби според процедурите. Сите други одредби во законот се согласно специјалниот закон што е донесен, рече Ковачевски.

Во врска со наводното зголемување на работната недела од 40 на 60 часа, тој повторно кажа дека се работи за законска измена што се однесува само на ваков стратешки проект од национален интерес, а интенцијата е, на секој работник кој ќе сака да работи повеќе од законски пропишаното, доброволно, да му биде платен секој прекувремен час и да добие 50 отсто поголема дневница во недела.

-Со тоа ќе останат повеќе пари во државата, ќе се забрза изградбата на коридорите и ќе се намали сумата на чинење на проектот. Останува на пратениците тоа да го разгледаат, рече Ковачевски.

Премиерот соопшти и дека денеска министерот за транспорт и врски и претседателот на Управувачкиот комитет за коридорите 8 и 10д ќе имаат брифинг со медиумите, на кој ќе може да се информираат за сите детали и прашања околу овој проект.

-Сите лаги што ги кажува ВМРО-ДПМНЕ ќе се демантираат. Единствено што гледаме секое утро се лаги, невистини и хистерија кои ги шири опозицијата. Се што кажаа досега, излажаа. Прво, за нашиот пат во ЕУ рекоа дека ќе сме го изгубеле македонскит јазик, лажеа, потоа зборуваа дека ќе сме биле асимилирани, помина скоро цела година од прифаќање на европскиот предлог, но ние сме Македонци и таа лага падна во вода. Сега мора да измислат нова лага за да избегаат од најголемата лага – изборот на градоначалник на Скопје. ВМРО-ДПМНЕ кандидираше градоначалник, две години од мандатот поминуваат, ниту еден проект немаат направено, се што беше претходно почнато, е заглавено. Погледнете ги проектите за 11 години на ВМРО-ДПМНЕ, на пример автопатот Кичево – Охрид, почнат беше во 2013 година со погрешена траса и неколку години требаше да се менува целиот проект. Тие така работат што точно се гледа од судските случаи кои ги имаат. Дали некој зел нешто, така размислуваат, истакна Ковачевски.

ВМРО-ДПМНЕ, подвлече премиерот, нема учествувано во ниту една државотворна одлука на земјава – членството во НАТО, Договорот со Грција, почетокот на преговорите со ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет, европскиот предлог, Договорот со ФРОНТЕКС.

Би можело да ве интересира

Николоски: Дали СДС, Ковачевски и Пендаровски го плаќаат консултантот Еисин со пари од кешот што го извлекувале од тендерите со РЕК

Ковачевски ги соопшти носителите на изборните листи за парламентарните избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Владата во заминување повторно удри по граѓаните, Ковачевски со 2500 евра апанажа не чувствува глад

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

Орце Костов

Ковачевски: Скопје е развластен град, лажни беа ветувањата на ДПМНЕ за современ град

Николоски: Пендаровски призна дека се среќавал со контроверзниот консултант Асаф Исеин

Катерина Ѓуровски