Ковачевски: Кај нас може да се работи повеќе од 40 часа неделно и без законски измени

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски вчера ги бранеше предлог-измените на Законот за работни односи со кои градежните работници на коридорите 8 и 10 кои ќе ги гради „Бехтел и Енка“ со теза дека работниците ќе имаат зголемена продуктивност и повисоки плати, но денес рече дека и без измените кај нас може да се работи повеќе од 40 часа.

– Ние имаме закони кои што важат и сега кај нас може да се работи повеќе од 40 часа. Според договорот 51% од работите треба да ги изведат македонски подизведувачи, а другото од странство. Тие градат исклучително тешки делници, подводни и подземни, па имаат искуство.

Има потпишан договор на 400 страници во кои се дефинирани сите обврски. Сите договори кои се дел од работата на ЈПДП имаат деловна тајна и назнака на доверливост бидејќи содржат технологии на работа, структури на управување и поради заштита од конкуренцијата овие договори се такви – рече премиерот.

Ковачевски додаде дека вчера Владата го овластила ЈПДП да го достави договорот до јавното обвинителство и денес тој треба да биде разгледан од судските органи.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Прво Коридорот 8 го прогласија за закана по националниот идентитет, а сега се фалат со него

Николоски раскажува приказни за добра ноќ, каде е да го потпише договорот, реакција од Бугарија за Коридорот 8

Катерина Ѓуровски

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Бугарија: Коридорот 8 е наш национален приоритет

Изгласани законски измени за забрзување на изградбата на делниците на коридорите 8 и 10д

Мицкоски: Васко Ковачевски не е во Македонија, за брзо време ќе го најдеме

Горан Наумовски