Ковачевски ја видел снимката од Џафери, но не ја коментира оти не се гледа кој со кого зборува

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски ја видел снимката на која се слуша гласот на претседателот на Собранието Талат Џафери, но не сакаше да ја коментира. Одговарајќи на новинарско прашање за снимката, премиерот Ковачевски рече дека не може да даде конкретен одговор на забелешките дека поради дрското однесување кое се слуша на снимката, претседателот Џафери треба да си поднесе оставка.

„Јас таа снимка ја погледнав, меѓутоа се работи за некој разговор за кој не се гледа ниту кој разговара ниту со кого разговара и од таа причина не можам да коментирам дали претседателот на Собранието разговара со некого во сала, дали е тој вработен или не е. Навистина не можам да дадам конкретен одговор бидејќи на снимката не се гледа кој зборува и со кого зборува. Се слуша, но се гледа кој со кого зборува“, рече премиерот Ковачевски при денешната посета на фабриката „Брако“ во Велес.

Снимката на која се гледа говорницата во Собранието, а се слуша глас за кој ВМРО – ДПМНЕ тврди дека е на претседателот на Собранието Тала Џафери, партијата ја објави вчера. Со објаснување дека односот на Џафери на снимката е скандалозен и примитивен, а пцовките и навредите за вработените се недозволиви, ВМРО – ДПМНЕ побара оставка од претседателот на Собранието.

Од кабинетот на Џафери се уште нема официјално објаснување за она што се слуша на снимката.

Би можело да ве интересира

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада