Ковачевски: Историското покачување на платите во образованието мора да значи и подобри резултати во работата

Од:

„Се покажа дека штрајкот практично не беше решение, туку дека дијалогот е решение“, оцени премиерот Ковачевски на седницата на пратенички прашања во Собранието, за резултатите од разговорите со СОНК, за платите во образованието.

dobivaj vesti na viber

„Постигнато е историско зголемување на платите во образовниот сектор што изнесува 15 проценти и заедно со покачувањата во изминатите години коишто беа 21 процент кумулативно, се над 36 проценти покачување на платите во образованието. Во историја не се случило такво зголемување и покачување на платите на наставниците и просветните работници“, посочи премиерот Ковачевски.

Тој ја потенцираше споредбата кога за 10 години, платите беа само за 4 проценти зголемени и се носеа на секој штрајк заменски наставници и денес кога има за 36 проценти покачување, за 5 години и се водат дијалози со синдикатите.

„Постоеја голем број на влијанија кои сметаа дека СОНК треба да оди со штрајк и ние во ниту еден момент не го спречивме. Кажав дека поминати се времињата кога се носеше закон за носење на заменски наставници и кога третманот на наставници и образовни работници во време на штрајк беше исклучиво со партиски и политички притисоци“, рече премиерот Ковачевски.

Претседателот на Владата Ковачевски, додаде дека „нашата држава има институции и има законски решенија коишто овозможуваат и без штрајк да се постигне договор, а оваа Влада докажа дека може да ги користи законските решенија со коишто се доаѓа до заеднички прифатливо решение и во оваа сфера каде што се регулираат работничките права“.

„Уште еднаш сакам да го поздравам договорот којшто е постигнат, знам дека Министерот за образование и СОНК треба во овие денови да ја потпишат спогодбата и со тоа да почне и реализацијата. Нормално, во ребалансот предвидени се средствата за она што беше договорено, а останува пред нас да се договори методологијата за зголемување, раст на платите во јавниот сектор вклучително и во секторот на образование“, рече премиерот Ковачевски.

„Имаме и отворен дијалог со репрезентативниот синдикат во однос на зголемување на платите и воведување на методологија, којашто нема да биде насочена само на зголемување на платите врз основа на зголемување на трошоци за живот што треба да биде вклучено, врз основа на зголемување на просечна плата што треба да биде вклучено – меѓутоа и во однос на зголемување на продуктивноста и во однос на зголемување на ефикасноста на работењето, бидејќи овде се работи за јавниот сектор. Приватниот сектор е тој кој што го плаќа јавниот сектор и мора да му се испорача повисока услуга. На последната седница на Владата се донесе нова програма за инвестиции во образованието, но точно е дека треба да се подобрат и резултатите во образованието“, порача премиерот Ковачевски.

Тој посочи на резултатите од Пиза тестирањето и низа други споредбени податоци од други држави, што покажуваат дека има многу што да се работи.

Премиерот Ковачевски најави дека во разговорите за реформите ќе учествуваат синдикатите, но и оние на кои се однесуваат – и наставниците, исто како што за прв пат при носењето на Законот за средно образование, којшто сега е во постапка, ќе бидат вклучени и средношколците.

„Сите треба подеднакво да учествуваат во зголемување во перформансите на нашето образование, затоа што ако држава сака да оди напред, таа мора да оди со образувани млади луѓе кои што ќе учат нови работи“, констатираше премиерот Ковачевски на седницата за пратенички прашања во Собранието.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ е корумпирана партија, судски одлуки и признанија потврдија перење пари, незаконско богатење, изборни измами

Ана Ололовска

Лефков до Ковачевски: Дали чувствувате одговорност со случајот со Зекири, што практично Ви се случувало пред нос, а Вие или не сте знаеле, или сте биле соработник?

Ана Ололовска

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ е наследник на Ванчо Михајлов, го прифаќа и се гордее со него

Ана Ололовска

Мизрахи до Ковачевски: Не знаете и не можете да водите држава, кога поднесувате оставка да одиме на предвремени парламентарни избори?

Ана Ололовска

За Џафери барањето на ВМРО-ДПМНЕ в четврток да има седница за пратенички прашања е беспредметно

Катерина Павлова-Николовска

Заев: Алтернатива за ЕУ нема и не треба да има

Ана Ололовска