Ковачевски: Да се радуваме и да бидеме горди за прифаќањето на МПЦ-ОА како автокефална црква еднаква во православната заедница

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски оствари средба со поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископот охридски и македонски Г.Г. Стефан, по повод одлуката за стекнување автокефален статус со кој МПЦ-ОА се прифаќа како еднаква со другите сестрински цркви во православната заедница.

dobivaj vesti na viber

На средбата, премиерот Ковачевски на Архиепископот охридски и македонски Г.Г. Стефан му го предаде писмото со честитки по тој повод во негово име и во име на Владата на Република Северна Македонија.

„Во мое лично име и во името на Владата на Република Северна Македонија, Вам, на членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во нашата земја Ви ја честитам историската одлука МПЦ-ОА да биде прифатена како автокефална црква.

Бидете горди и радувајте се затоа што на Вашата генерација ѝ припадна честа и подвигот МПЦ-ОА, како наследничка на древната Охридска Архиепископија, да биде впишана како автокефална, еднаква со сите други, во диптихот на Вселенската Патријаршија во која се запишани сите канонски православни цркви во светот“, пишува во писмото.

„Ваше Блаженство, го избравте единствениот пат за решавање на заслужениот статус на МПЦ-ОА. Со оваа канонски исправна одлука, со радост и без најмала воздржаност ќе ја дочекаме заедничката служба со претставниците на останатите православни цркви во седиштето на Цариградската патријаршија со која ќе се прифати МПЦ-ОА како рамноправна сестринска црква.

На верниот македонски народ му честитам на трпеливоста и на истрајноста. На вербата дека заслужуваат да го дочекаат денот кога ќе бидат прифатени во љубов и кога ќе се радуваат на возобновена Охридската Архиепископија во лицето на МПЦ како еднаква и официјално прифатена во заедницата православни цркви.

Во историскиот чин за прифаќање на МПЦ-ОА како канонска автокефална црква се вградени и големите дела на Светите Кирил и Методиј, на Свети Климент, како и делата на сите останати црковни и духовни големци во редот на нашата историја, вградени во создавањето и афирмацијата на идентитетот на македонскиот народ.

Од духовните плодови и придонес на тие наши големци во историската низа на нашиот континуитет, денес Македонците и македонскиот јазик се впишани во ризницата на светските народи и јазици, и никој повеќе нема дилеми, никој повеќе не го оспорува тоа.

Нека ни остане засекогаш во паметење денот кога МПЦ-ОА ја стекна својата автокефалност“, се вели во писмото.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: На Скопје му се случува катастрофа поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски: Први сме во регионот во енергетска трансформација, можеме да станеме зелен центар на Европа

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ковачевски: Нова инвестиција на германски „Кил“ од 9,2 милиони евра и нови 150 работни места

Горан Наумовски

И Ковачевски збунет од изборот на Абази: На тој систем му требаат уште реформи, има огромна работа пред нив

Кристијан Ландов

Ковачевски: Проекциите за економијата влеваат надеж, наредната година ќе биде подобра

Ковачевски: Работиме интензивно на решение со Србија да обезбедиме поевтина струја за македонското стопанство