Ковачевски – Борел: Потребно е достоинствено европско решение за спорот и деблокирање на преговорите

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски за време на еднодневната работна посета на Брисел се сретна со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската Комисија, Жозеп Борел.

„Премиерот Ковачевски на средбата изрази благодарност за ангажманот на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската Комисија, Жозеп Борел, за неговата континуирана и цврста поддршка за Република Северна Македонија.

Премиерот Ковачевски и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската Комисија Жозеп Борел, ја истакнаа потребата за брзо делување и за остварување на стратешкиот интерес и придобивка на ЕУ од проширувањето со Северна Македонија и другите земји од Западен Балкан како приоритет за европската безбедност.

Во таа насока беше изразено дека е време за изнаоѓање на достоинствено европско решение за деблокирање на почетокот на пристапните преговори за Северна Македонија.

За време на разговорот беше нагласено дека Владата останува посветена на реформите и нивната имплементација во борбата против корупцијата, владеењето на правото, дигитализацијата и зелената агенда“, велат од Владата.

Би можело да ве интересира

Ковачевски ги соопшти носителите на изборните листи за парламентарните избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Владата во заминување повторно удри по граѓаните, Ковачевски со 2500 евра апанажа не чувствува глад

Став на Брисел: Европејците нема да гинат за Донбас

Борел: Лидерите на ЕУ ќе повикаат на постигнување одржлив прекин на огнот во Газа

Горан Наумовски

Ковачевски: Скопје е развластен град, лажни беа ветувањата на ДПМНЕ за современ град

Ковачевски: Владата подготви закон за рестриктивни мерки, Милошоски да го стави на комисија