(ВИДЕО) Котевски: Одговорен човек сум, во понеделник поднесувам оставка

Од:

Директорот на КПУ „Скопје“, Ѓоко Котевски пред новинарите рече дека во понеделник ќе поднесе оставка на функцијата поради физичкиот инцидент во кој беа нападнати осомничените Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.

На прашање на „А1он“, зошто уште вчера не поднел оставка туку чекал да го повика премиерот, Котевски не одговори конкретно, само рече дека утрово разговарал со Зоран Заев за темата.

Директорот потврди дека судија за извршување на санкции утрово бил во посета на осомничените и дека тие се преместени во т.н. хашко одделение во затворот.

„Додека се случувал инцидентот за 12-мина затвореници на шеталиштето се грижел само еден полициски службеник“, рече Котевски.

Директорот кажа дека вербалниот инцидент го почнале осомничените Јанакиески и Ристовски, кои биле сместени во различни павилјони во затворот.

Извештајот од спроведената интерна истрага во која се сослушани поголем број лица, како и учесниците во инцидентот, ќе биде изготвен најдоцна до понеделник и предаден до Управата за извршување санкции.

Инцидентот се случи вчера, во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари кога ексминистрите Миле Јанакиески и Спире Ристовски прво учествуваа во вербална расправија, а подоцна и во тепачка. По инцидентот двајцата побарале помош од затворскиот лекар, а Јанакиески, кој се жалел на болки, бил пренесен во Градската општа болница „ 8 Септември“ каде што било констатирано дека нема повреди по што бил вратен во затворот.

Поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески од завчера се во 30-дневен притвор во истражниот затвор во Шутка. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ги осомничи дека се дел од шестемина што ги организирале насилствата во Собранието на 27 април 2017 година. Ѓоко Котевски на функцијата директор во затворот дојде по локалните избори 2017 година откако дотогашниот директор Александар Наумовски стана градоначалник на Општина Ѓорче Петров. Пред да биде назначен за директор на затворот, Котевски беше директор на Управата за водење матични книги.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Спиро Ристовски неоправдано бил држен во притвор за „27 април“ одлучи судот во Стразбур

Катерина Ѓуровски

Пендаровски: Судовите добро да ја проучат пресудата од Стразбур за Јанакиески, потребни се реформи

Александар Тодески

Кривичен ја чита пресудата за Јанакиески по свое: Смета дека имало пропусти само во жалбената постапка, не за притворите

Александар Тодески

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

Апелација и изменетиот Кривичен законик го урнаа „Топлик“: Предметот застарува за сите обвинети

Кривичен суд: Во досудената казна затвор на Миле Јанакиески за „Титаник“ веќе е пресметан притворот и куќниот притвор