Котески: Бранителите на криминалот на Талески вмешани во скандалот со УКИМ

Од:

Повеќе од очигледно е дека врхушката на ВМРО ДПМНЕ не може да се помири со новата реалност во која правната држава започнува да функционира, а тефтерчето на Јанкулоска ја губи својата моќ.
Им смета фактот дека секој кој се огрешил пред законите и работел на штета на граѓаните ќе мора да одговара, рече советникот во Општина Битола од редовите на СДСМ, Благојче Котески.

Им сметаат правдата и вистината!

Одлуката на Апелацискиот суд да ја одбие жалбата на осомничениот за криминал, Владимир Талески, оставајќи ја мерката од 30 дневен домашен притвор на сила, го вклучи алармот за паника во владејачката партија.

Збунети се што судиите секојдневно се охрабруваат и застануваат на страната на правдата, а му вртат грб на режимот.

Но назад нема!

Во текот на вчерашниот ден, со жалење може да констатираме дека луѓето кои извршија упад во изборниот процес на студенски лидер при УКИМ, се членови на ОК на ДПМНЕ Битола и вработени во јавни претпријатија и јавна администрација во Битола за време на периодот на владеење на ДПМНЕ.
Овие лица директно може да се поврзат со луѓето кои го оспоруваат спроведувањето на правдата во случајот Транспортер.

Тоа се:

Битолскиот актуелен пратеник Зоран Илиоски, бивш директор на ЈП Водовод Битола и бивш претседател на ОК на ДПМНЕ Битола.

Томе Аџиев познатиот лустратор, стрико на Игор Хаџиевски, екс секртетар на ОК на ДПМНЕ Битола, во мандатот на Зоран Илиоски, актулен советник во советот на Општина Битола и еден од потенцијалните заменици на Талески.

Клучното прашање на кое ДПМНЕ треба да даде одговор е:

Како лица вработени во админситрација во Битола, се ангажирани за време на спореведувањето на избор за студенски лидер во УКИМ во Скопје?

И дали клучниот организатор во упадот на автономијата на универзитетот е токму Зоран Илиоски, член на ИК на ДПМНЕ?

За доброто на Битола и биточлани, за доброто на Македонија, време е од ВМРО ДПМНЕ наместо лицемерно да го попречуваат прецосот на спроведување на правдата, за почеток да се обидат да го убедат Владимир Талески, веднаш да си поднесе неотповиклива оставка и веднаш да ги тргнат своите раце од автономијата на универзитетот!

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа