Костовски: Референдумот е за личен спас на фотелјата на Мицкоски

Од:

Иницијативата за рефернедум е единствено за личен спас на фотелјата на Мицкоски во Белиот дворец, еден ретрограден процес којшто има за цел да го попречи интегрирањето на земјата во ЕУ и враќање во едни минати времиња на изолации, рече денеска пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски по официјалното доставување на иницијативата за Референдум од страна на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието.

Улогата на Собранието е само во оценување на уредноста на иницијативата. Откако ќе пристигне и ќе ја помине собраниската процедура, ние ќе се изјасниме како пратеничка група, како партија и парламентарно мнозинство, додаде Костовски.

– СДСМ е на страна на граѓаните, на страна на државата. Од независноста во 1991 година па навака Собранието и пратеничката група на СДСМ е на линија на државниот интерес и сите донесени одлуки се во оваа насока, во интерес на граѓаните. Така ќе биде и овој пат. Како владејачко мнозинство соопштивме дека оваа иницијатива е едно ретерирање, еден ретрограден процес, којшто има за цел да ја одведе Република Северна Македонија во едни изолации, во едни минати времиња. Како парламентрано мнозинство ние сме на иста линија во намерата и целта да се изоди европскиот пат на државата. Процеси против ЕУ се осудени на неуспех. СДСМ е на страна на граѓаните, на страна на државата и се надевам дека ќе преовлада разумот и кај опозицјата, рече Мартин Костовски.

-Активните и пасивни блокади на ВМРО-ДПМНЕ се одлика на плашливото, кукавично однесување на Христијан Мицкоски. И оваа иницијатива за референдум е токму тоа, еден вид кучавичко јајце во јавноста се со цел да се сочува фотелјата на Христијан Мицкоски во Белата палата и малата група послушници коишто се околу него. Сведоци бевме на многу изјави на истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ кои не се сложуваат со ваквото однесување на лидерот на опозицијата, особено во вакви важни, круцијални моменти за државата. Единствено за зачувување на позицијата на Мицкоски и неколку негови верни поддржувачи, изјави денеска Мартин Костовски, пратеник од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ова што се случува е резултат на центри на моќ во и надвор од земјава кои сакаат оваа Влада да не успее

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за палење на депониите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Предраг Петровиќ