Костовски: Најголемите лаги на Мицкоски во 2022 година, лага #6: Нема да имаме доволно струја ниту јаглен

Од:

2022 година е година на најголемите лаги на Христијан Мицкоски кој е под заложништво на Димитар Апасиев и Левица. Се што Мицкоски кажа во делот на енергетиката излажа и на крајот се покажа како крајно погрешно рече на прес конференција пратеникот на СДСМ Мартин Костовски.

– Мицкоски лажеше и ја плашеше јавноста дека во државата немало повеќе јаглен. Јаглен има доволно и таа негова лага беше демантирана со зголемено производство на електрична енергија од страна на термоелектраните. Мицкоски лажеше дека не се произведувало доволно струја во државата, а со месеци целото потребно количество на електрична енергија за малите потрошувачи се добива од домашно производство. Со месеци Мицкоски лажеше дека цената на гасот драматично ќе се покачи и повикуваше да се набави гас за целата грејна сезона. Ако го слушавме Мицкоски и набавевме гас за целата грејна сезона сега државата ќе беше зијан од околу 100 милиони евра, затоа што Мицкоски и за тоа излажа вели Костовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари

Антимон од рудник во кривопланечко ќе се извезува во САД, најави премиерот

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги информиравме сојузниците во НАТО и ЕУ за обид за дестабилизација од опозицијата на протестот на студентите

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците