Костовски го поддржа протестот на жителите во Бутел, Арсовска му порача да си ги научи ингеренциите

Од:

Градоначалникто на Бутел, Дарко Костовски застана зад простестот кој го организираат жителите на улица Хо Ши Мин против решеноста на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска која сака да изгради улица која поминува покрај нивните домови.

Тој објави дека Општина Бутел испратила допис до Град Скопје со кој ја поддржува граѓанската иницијатива со која од градот Скопје се бара трасата на градската улица да биде поместена, или во договор со граѓаните да се изнајде прифатливо решение. Костовски додаде дека на првата седница на Советот ќе потегна прашање за поништување на маркиците за згради во овој дел на општината.

„Нема да дозволам во Општина Бутел повторно да дивее урбаната мафија, исто така нема да дозволам мирните граѓани на оваа општина да бидат третирани како криминалци. Баба Невена, Чичко Мустафа и Чичко Кирил не се криминалци, тие се чесни жители кои никогаш немале проблеми со законот. Денес со задоволство се приклучив кон протестот кои го организираа жителите на Улица Хо Ши Мин, за време на кампањата пред изборите им дадов збор дека ќе се борам со урбаната мафија и ќе дадам се од себе да го зачуваат нивниот мирен начин на живот.

Имено, незадоволните жители протестираа против решеноста на Градоначалничката Данела Арсовска по секоја цена да изгради улица кој поминува веднаш до нивните домови, уште се позагрижени бидејки жителите мислат дека сето ова се реализира за да се изградат згради согласно план донесен во минатото. Градоначалничката Данела Арсовска за жал не е достапна за овие загрижени граѓани, повеќе од еден месец не успеваат да направат средба со неа. Во оваа прилика сакам да ја потсетам градоначалничката дека од овие граѓани за време на кампањата јас лично сум побарал глас повеќе за неа, со цел да не дојде до ваква или слична ситуација“, соопшти градоначалникот на Бутел.

Арсовска му врати со соопштение дека нема да се впушта во коментирање на политиканти и му порача да си ги научи своите ингеренции.

„Трасата на улицата „Боца Иванова“ е предвидена со Генералниот Урбанистички план, и во целата своја должина се простира на земјиште кое е во државна сопственост. Во овој дел законот е јасен и дециден, и нема простор за политички манипулации со истиот. Неправото, не може да произведе право, па оттаму, граѓаните на градот Скопје не може да бидат спречени во своите права за своите даноци да не добијат соодветни услуги, нова инфраструктура и безбедно сообраќајно решение. Неправото на неколкумина, не може да го дерогира правото на сите.

Што се однесува на наводни ДУП-ови за изградба на згради на потегот на оваа траса, апелираме до градоначалникот на општина Бутел конечно да ги научи своите ингеренции. Детален урбанистички план носи општината, а не градот Скопје. Тоа што Дарко Костовски ветувал дека на тој дел на ул.Боца Иванова ќе легализира земјишта на кои ќе вцртува маркици за изградба на згради, кои сега поради реконструкцијата на улицата нема да биде возможно е негов проблем, а никако проблем на градот или на граѓаните на градот Скопје“, соопштија од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Вонредна седница на Советот на Град Скопје: Од утре Скопје ќе има автобуски превоз

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Град Скопје: Дали најавите на Мицкоски за набавка на нови автобуси се причина за блокадата на Скопје од советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

(ВИДЕО) Кирков: Неспособната Арсовска беше на праг да предизвика епидемија од птичји грип

Горан Наумовски

Општина Гостивар и нуди помош на Арсовска за аплицирање за проекти за финасирање од Владата