Костовски: Арсовска во кампањата им вети на луѓето парк, а не улица

Од:

Данела Арсовска лично им вети на луѓето дека нема да има никаква улица и дека ќе се изгради парк на „Христијан Тодоровски Карпош“. Утре на седница на Општина Бутел ќе се донесе одлука за покревање на иницијатива за поништување на овој план тука „С 16“ и вториот план во Бутел 2 „ССИ 06 Блок 7“ којшто има предвидени четири згради. Прифатливо решение би било само дислоцирање на трасата, истакна на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, во врска со проектот за изградба на новиот булевар „Боца Иванова“ во Бутел.

Тој потсети дека градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, за време на кампањата во 2021 година, им велела на граѓаните дека во овој дел од општината нема да има ниту улица, ниту згради и рече дека луѓето бараат веќе два месеци средба со градоначалничката но не успеале во тоа и ја покани градоначалничката Арсовска, да дојде самата да се соочи со граѓаните.

– Утре на 15 март, на седница на Општина Бутел ќе се донесе одлука за покревање на иницијатива за поништување на овој план тука „С 16“ и вториот план во Бутел 2 „ССИ 06 Блок 7“ којшто има предвидени четири згради, рече Костовски и додаде дека тие згради се предвидени од претходниот градоначалник на Општина Бутел.

На прашањето дали го гласал овој план кога самиот градоначалник бил советник на Општината, Костовски рече дека не го гласал овој план.

Во однос на прашањето дека проблемот, меѓу другото, е со тие десетина семејства што имаат продолжени дворови на државно земјиште и зошто тој ги штити тие граѓани, Костовски одговори дека постојат и многу други вакви случаи кои можат да се лоцираат низ градот и дека секогаш ќе биде позади интересот на граѓаните.

Иако немаше конкретен одговор на прашањето дали ја поддржал програмата „За Модерно Скопје“, тој истакна дека сегашната градоначалничка ја довел на истото место за време на кампањата за, како што рече, да се откаже од овој проект и тврдеше дека Арсовска се одрекла од проектот.

Како прифатливо решение за овој проблем, според Костовски е дислоцирање на трасата и тоа треба да се направи во соработка со Градот Скопје.

– Дали некој ја притиска градоначалничката за да се реализира планот со зградите не знам, а како што велеше таа „рачињата во медот“ сега ние ја фативме во медот, рече градоначалникот на Бутел кој алудираше со неговото тврдење дека градоначалничката Арсовска сака да ја помести постојната улица за да може да се реализира планот со изградба на нови згради.

Сопствениците на имотите, каде што според новиот проект се планира новиот булевар да помине многу блиску пред нивните куќи велат дека градоначалничката Арсовска ветила дека нема да има улици и згради.

– Ако треба државата да го земе ова нека го земе, тоа е државно. Ние имаме времено решение за тоа, меѓутоа, тоа времено решение трае 60 години, после 60 години нека го направат ова парк, зошто да ни прават улица пред прозор, истакна Невена Буркова.

Градоначалничката Арсовска минатата недела на прес – конференција рече дека согласно Генералниот урбанистички план на Градот Скопје, овој булевар е предвиден за изградба уште во 2002 година, а подоцна и потврден во 2012 година кога градоначалник бил Коце Трајановски и дека овој булевар е предвиден и ветуван повеќе од 20 години.

Таа појасни дека булеварот се простира на државно земјиште, но сепак, во еден дел од трасата каде што треба да се изгради, постојат десетина семејства, кои според Арсовска, ги прошириле своите дворови на тоа државното земјиште, на кое е предвидена изградбата на овој булевар.

Би можело да ве интересира

Дудуш: Данела нека внимава со какви спектакуларни бројки и изјави се појавува во јавност

Горан Наумовски

Арсовска со подароци кај првороденото бебе во 2025 година

Катерина Ѓуровски

Заврши санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје, во следните три часа се очекува нормализирање на состојбата

А1он

Арсовска: Кризите со јавните градски претпријатија се политички мотивирани

А1он

Ѓорѓиевски: Немам прецизна информација дали на Градот ќе му бидат одземени ингеренциите за ЈСП Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот уште не е поднесен, а каде заглавил знае само Арсовска